ЕВН денеска соопшти дека утре од 8 па се до 15.30 часот нема да се во можност да работат семафорите во центарот на Скопје и дека тоа е поради фактот што во тој период од денот, овој дел од градот ќе биде без струја.
ЈП „Улици и патишта“ го повикаа Министерството за внатрешни работи да го регулира сообраќајот,иако и тие се надлежни за регулација на светлечката сообраќајна навигација во градот.
– МВР да не дозволи да се направи голем метеж низ градот во овој период од денот“, велат од „Улици и патишта“.
Читајќи ја оваа вест, граѓаните се прашуваат дали ќе се повтори сликата од 7 декември кога поради исклучени семафори, над три часа имаше блокиран сообраќај во потесното и поширокото централно подрачје на градот.
Тогаш МВР и град Скопје влегоа во директен вербален судир кој е виновен за сообраќајниот блок во градот.