Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утре почнува 13. Европско првенство во ракомет

0
By Нова ТВ on January 11, 2018 СПОРТ
Фото: ihf.info
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во четири градови во Хрватска од утре до 28 јануари ќе се игра 13. Европско ракометно првенство на кое ќе учествуваат 16 репрезентации, меѓу нив и Македонија.

Натпреварите ќе се играат во: Загреб (група Ц), Сплит (група А), Пореч (група Б) и Вараждин (група Д). Во втората фаза натпреварите ќе се играат во Загреб и во Вараждин, додека завршницата ќе се игра во „Арена Загреб“. Воедно оваа сала е најголема со капацитет од 15.200 места, „Спаладиум Арена“ во Сплит има капацитет од 10.931 место, „Вараждин Арена“ – 5.200, додека „Жатика Спорт Центар“ во Пореч собира 3.500 гледачи.

Само три репрезентации имаат учество на сите 13 Европски првенства (Хрватска, Шпанија и Франција), Русија остана на 12 учества откако не успеа да избори пласман на ова првенство. Инаку, Хрватска е по вторпат домаќин (првпат беше во 2000 година).

Најуспешна селекција на Европските првенства е Шведска со 4 златни медали, додека Франција има еден помалку, а Данска и Германија имаат по две титули и Русија една. Шпанија и Данска имаат најмногу медали – вкупно 6, а Хрватска 5. Шпанија има четири учества во финалните натпревари и нема победа, додека Шведска има скор 4 од 4 на финалните натпревари. На последното финале во Краков Германија ја совлада Шпанија со 24:17.

Македонија своите натпревари во рамките на првата фаза ќе ги игра во Загреб, каде за ривали ќе ги има селекциите на: Словенија (13 јануари), Црна Гора (15 јануари) и европскиот првак Германија (17 јануари).

Ова за македонските ракометари е петто учество на „европскиот самит“. Првото учество беше во 1998 година во Италија, кога беше освоено 12-то место. На следниот шампионат на кој настапи Македонија го постигна најдобриот резултат и го освои 5.место во Србија 2012 година. Огромната поддршка од македонските навивачи придонесоа и за позитивните резултати. На шампионатот 2014 година во Данска, нашите ракометари го освоија 10.место, а пред две години во Полска се пласираа на 11.место.

Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров е рекордер по бројот на постигнати голови на еден шампионат – 61 на Европското првенство во Србија.

Меѓу 12-те судиски двојки, кои ќе судат на ова првенство се наоѓа и македонската која ја сочинуваат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, додека Драган Начевски е „првиот човек“ на судиската организација на шампионатот.

Натпреварите во А групата ќе се играат во Сплит, а во оваа група ќе играат: Хрватска, Србија, Исланд и Шведска.

Б групата се игра во Пореч, каде се наоѓаат селекциите на: Франција, Норвешка, Белорусија и Австрија.

Во Вараждин се играат натпреварите од Д групата, која ја сочинуваат: Шпанија, Чешка, Данска и Унгарија.

Трите првопласирани селекции од секоја група ќе продолжат во следната фаза, со тоа што резултатите од натпреварите со селекциите од истата група се „префрлаат“ во втората фаза. Во втората фаза ќе „вкрстат“ репрезентациите од групите А и Б (ќе играат во Загреб) и од групите Ц и Д (ќе играат во Вараждин). Во следната фаза се играат уште три нови натпревари во групите (1 и 2), а двете првопласирани репрезентации од оваа фаза ќе играат во полуфиналето, а трето пласираните од групите 1 и 2 меѓу себе ќе играат натпревар за 5.место. Финалето се игра на 28 јануари во Загреб.

Ова е последно Европско првенство со 16 репрезентации бидејќи на следното 2020 година што ќе се игра во Австрија, Норвешка и во Шведска ќе играат 24 репрезентации.

ЕП ракомет 2018 Загреб
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.