Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утре почнува скринингот за ковид-19 во основните училишта

0
By Biljana on February 17, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 17, 2022 15:22

Ќе се тестираат основците, бидејќи таму имало најголем број на заразени.

Зголемениот број на позитивни ученици во основните училишта го вклучија алармот, па Комисијата за заразни болести најави дека од утре ќе почне најавениот скрининг во училиштата.

Тестирањето ќе биде со брзи тестови, а ќе се тестираат само ониое деца чии родители ќе дадат пишана согласност. Скринингот ќе се врши само во основните училишта, бидејќи како што посочија од Комисијата, епидемиолошката состојба во средните училишта била мирна.

„Комисијата за заразни болести донесе заклучок внимателно да се следи состојбата во училиштата и доколку се утврди било какво зголемување на бројките на новозаразени да се направи скрининг во училиштата за да се утврди реалната состојба и да се спречи поширока трансмисија помеѓу учениците. Загрижувачките бројки што ги добивме од основните училита, беа аларм да почнеме еден ваков скрининг кој што ќе ни покаже каква е трансмисијата во основните училишта“, рече портпаролот на Комисијата, доктор Злате Мехмедовиќ.

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, пак најави дека од денеска, препораките за лекување на ковид позитивни пациенти, зо кои долго се зборуваше во јавноста, им се достапни на сите лекари на сајтот на Министерството за здравство.

„Се работи за препораки, а не за протоколи. Тоа се сеопфатни материјали на 40-тина страници кои се базирани на докази. Овие препораки се веќе четврта или петта верзија на постоечки препораки кои се користеле во минатото, но и претрпувале промени. И оваа верзија е од септември минатата година. Материјалите се наменети како водич и немаат обврзувачки карактер, но се тука да им послужат на сите лекари кои работат со Ковид позотивни пациенти, од едно место да се црпат информации“, рече Петличковски, додавајќи дека во препораките има информации за секоја фаза на болеста, од тестирање, до лекување и кога е време за хоспитализација.  

Од Комисијата излегоа и со конкретен став дека лекот „Ивермектин“, кој со месеци беше еден од најупотребуваните лекови кај пациентите со Ковид-19 во рана фаза на болеста, не помага во лекување на корона вирусот.

(Б.Б.)

НАЈАВИ СКРИНИНГ НА УЧЕНИЦИ ПО СЛУЧАЕН ИЗБОР Основно училишта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.