Турција утре одржува претседателски избори. Денес анатолскиот град Кониа се очекува последниот митинг на премиерот Реџеп Тајип Ердоган кој е кандидат за претседател на Турција.
Претседателот на Турција за прв пат се избира на избори. Досега човекот за оваа функција се избираше во парламентот и беше главно протоколарна. Едроган вети дека ќе и даде овластувања на функцијата претседател.
Противниците на Ердоган на овие избори се Екмеледин Ихсаноглу и курдскиот кандидат Селахатин Демиртас.
Ихсаноглу е кандидат на двете опозициски партии лево-центристичката Републиканската народна партија (CHP) и крајно десната Партијата за национално движење (MHP). Тој има поддршка од пет партии на овие избори.
Демиртас е член на левичарската Народна демократска партија.
Медиумите јавуваат дека овие избори се всушност еден вид референдум за Ердоган. Победникот мора да добие 50 отсто од гласовите. Во спротивно се одржува втор круг на 24 август.
Според испитувањата на јавното мислење, Ердоган има најмногу шанси да добие на овие избори и тоа со голема разлика пред своите противници.