„Заедно да се избориме против екстерното тестирање!“ под ова мото утре пред споменикот на Мајка Тереза во Скопје точно напладне ќе започне протестот против екстерното тестирање.
На Фејсбук групата над 40.000 најавиле свое присуство на утрешниот протест.
Советите на родители од осум основни училишта од општина Карпош повикувајќи се конвенцијата за права на детето на ОН бараат од Владата и сите надлежни институции да се одложи екстерното оценување за идната година.
Доколку мора да се спроведе резултатите да не влијаат на успехот на учениците.