Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и ЛГБТИ центарот за поддршка го организираат петтиот по ред Марш на толеранцијата кој ќе се одржи на 16 ноември, со почеток во пет до дванаесет, пред Владата на Република Македонија.
Под слоганот „Македонија има љубов за сите – Насилството не почнало и нема да заврши со мене!“, овогодинешниот Марш, кој се организира по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на толеранцијата е посветен на правото на живот ослободен од насилство.
Според програмата утре на пладне свои говори ќе одржат претставниците на граѓанските организации пред Влада на Република Македонија, по што започнува Маршот од пред Владата, до Палома Бјанка, преку Рекорд и улица Македонија, потоа плоштад Македонија, преку Камени Мост за на крај да заврши на плато пред стоковната куќа Мост. Таму ќе се одржи Форум на граѓани и Културно-уметничка програма.
Во клубот ГЕМ утревечер со почеток од 20.30 часот ќе се прикажуваат кратки филмови.




