Утре во Скопје ќе се одржи голем граѓански марш под мотото „Борбата продолжува, гласот победува“, повод празникот 11 Октомври и во чест на денот на народното востание и антифашистичката борба.
Маршот започнува пред просториите на Специјалното јавно обвинителство на раскрсницата на булеварите Партизански одреди и Франклин Рузвелт со почеток во 14.00 часот. Маршрутата на оваа манифестација е булеварот Партизански одреди, преку „Рекорд“ па до зградата на Собранието.
СДСМ соопшти дека пред присутните граѓани, пред Парламентот, ќе се обратат претставници од Сојузот на борци, граѓански активисти и претседателот на оваа партија Зоран Заев.