Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утре во Скопје ќе се одржи третата Парада на гордоста

0
By Sashko on June 24, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 24, 2022 12:14

Скопје утре (25 јуни) ќе биде домаќин на третата Парада на гордоста, која оваа година ќе се одржи под мотото „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда“ во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

Популарниот Прајд ќе почне со собир на учесниците од 17 до 19 часот во паркот „Жена-борец“, спроти македонското Собрание. По предвидените кратки обраќања на активисти и претставници на институции, ќе следи марш по скопските улици што ќе биде пропратен со ди-џеј сетови од 19 до 20 часот.

Програмата на стадионот на АРМ во Градски парк ќе почне во 20:30 часот и ќе трае до 1 часот по полноќ, а водителка на програмата ќе биде актерката Наталија Теодосиева.

„Прајдот останува важна форма на протест на ЛГБТ+ заедницата против стигмата, предрасудите и насилството“, велат организаторите кои за денес најавуваат прес конференција на која ќе бидат познати деталите за настанот.

„Манифестацијата е настан од и за ЛГБТИ заедницата, но и за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе. Прајдот е протест, но и прослава, на која ги реафирмираме надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество”, се вели во соопштението до јавноста.

Првиот „Skopje Pride“ се одржа во 2019 година, а по една година пауза поради пандемијата на ковид-19, втората парада се случи минатото лето.

Тогаш илјадници поддржувачи се собраа во главниот град на протест против негаторски политики, хомофобијата и трансфобијата, но и да ги прослават надежите за посолидарно и поправедно општество.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026

Австралија им даде азил на пет ирански фудбалерки

March 10, 2026
ФОКУС
March 13, 2026Updated:March 13, 2026

Скопје: Протест на работниците за подоинствен живот – стартува во 12.05, сабота, 14-ти март од пред Домот на синдикатите

ВЕСТИ March 13, 2026

Овој протест не е само собир. Тој е огледало во кое секој работник може да…

Слободан Трендафилов: Добро утро на сите, освен на тие што се против зголемување на платите!

March 13, 2026

Рочиште „Пулс“: Објектот воопшто не ги исполнувала безбедносните противпожарни норми

March 12, 2026

Иран ја префрла војната на море – напаѓа во Заливот

March 12, 2026
ТИКЕР

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026

Австралија им даде азил на пет ирански фудбалерки

March 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.