Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утревечер почнува фестивалот „Крај Вардарот Џез“

0
By Соња Крамарска on May 17, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Утревечер, почнува четвртото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во организација на дискографската куќа „ПМГ Џез“ и ќе трае до 20 мај.

Организаторите на фестивалот на денешната конференција за печат ја најавија програмата за трите фестивалски вечери, кои ќе се случуваат на малата сцена во Македонската филхармонија и во Младинскиот културен центар и предвидуваат најквалитетна и најразновидна програма досега и неколку промоции на нови музички изданија.

„Ми се чини дека нашиот фестивал полека почнува да добива облик, па и дека стои на сопствени нозе. Четврто издание, најквалитетна и најразновидна понуда досега, атрактивни гости, цврста автентична домашна програма, како директен одраз на работата на нашата дискографска куќа. Фестивалот активно соработува со европската програма МОСТ, локалните културни оператери „Аудиокултура“, а се јавуваат и други потенцијални соработници. Полека, но сигурно, обликуваме нешто препознатливо, нашата визија е се појасна и за нас и за публиката. Одиме напред“, истакна Мирко Попов, кооорганизатор на фестивалот.

Фестивалот ќе биде отворен утревечер, во 20 часот на малата сцена во Филхармонија со настап на Дамир Имери Трио. Тромбонистот Имери е тивка легенда на современата македонска музика. Во триото, покрај него, членуваат и Ади Имери и Ратко Даутовски. Истата вечер, на фестивалот ќе настапат Перфорто (Perforto) од Полска, со Ола Ржепка на пијано и Лукаш Марчинијак на електрична гитара. Гостувањето на Перфорто на „Крај Вардарот Џез Фестивал“ е поддржано во рамките на европскиот проект „МОСТ“ во програмата за размена на фестивали и се реализира во соработката со Катовице ЏезАрт Фестивал од Полска.

Во петок на 19 мај, во 19 часот, во лобито на кино Фросина – МКЦ во рамки на „Крај Вардарот Сесии со Аудиокултура“ ќе биде промовирано најновото винил издание на ПМГЏез, компилацијата „Крај Вардарот Џез Vol.2“. Веднаш потоа, од 21 часот во киното Фросина ќе се реализираат два концерти, Филип Букршлиев/Благојче Томевски, на бас кларинет и гитара и настап на Глигор Кондовски/Владан Дробицки на виолина, електроника и тромбон.

Во сабота, во денсинг салата на МКЦ, во 21 часот ќе настапат „Ларта“, проектен состав на тапанарот Дино Милосављевиќ. Фестивалското издание ќе се заокружи со ѕвездите на фестивалот „Чуи“ (Chui) од Хрватска, загрепски квартет, чија визија е спој на џез со современа клупска танцова музика, електроника и рокенрол. Досега имаат издадено 6 студиски албуми. Седум пати се закитија со најпрестижната хрватска музичка награда „Порин“ во различни категории, и четири пати со наградата на независните музичките новинари „Рок&Оф“. Соработуваа со џез оркестарот на Хрватската Радио Телевизија и направија композиција со легендарната дива Јосипа Лисац. Чуи ќе настапи во состав: Тони Старешиниќ (клавијатури и електроника), Војкан Јациќ (саксофон и електроника), Иван Левачиќ (тапани) и Конрад Ловренчиќ (бас).

За затворањето на фестивалот, по 23 часот е предвидена забава со ПМГЏез диџеј сет на Мирко Попов, во лобито на киното Фросина.

„Како организатори, не израдува вибрантноста на домашната сцена. Едноставно немаше можности за концертна презентација на сите аудио остварувања на ПМГЏез. Моравме да направиме избор од четири проекти реализирани изминатата година. Успеавме да го поканиме за настап, во моментот најжешкиот хрватски џез состав ЧУИ, кој само пред некоја недела освоил три ПОРИН награди (имаат вкупно седум ). Не израдува понудата на нашиот полски партнер од проектот -програма за размена на фестивали, така што составувањето на музичката програма беше мошне едноставно“, вели Владан Дробицки, коорганизатор на „Крај Вардарот Џез“.

Фестивалот е дел од програмата за размена на фестивали („FEX-Festival Exchange“) на европскиот проект „МОСТ“ за развој на сцената на светска музика на Балканот, и соработува со еден од најрелевантните промотери на музика во земјава – „Аудиокултура“, а е поддржан од Министерство за култура.

Дизајн за визуелните решенија на фестивалот ги направи Виолета Качакова.

 

„Крај Вардарот Џез“ фестивал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.