Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утрово бевме нападнати со рачна бомба и калашников во близина на границата со Србија, тврди косовската полиција

0
By Biljana on April 15, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Утрово околу седум часот и 40 минути се случи напад врз припадници на Полицијата на Косово кои оделе да ја преземат смената на граничните премини“, изјави министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља.

Тој информира дека две возила на косовската полиција, кои превезувале полициски службеници на граничните премини со Србија во северно Косово, се нападнати утрово со огнено оружје.

Овој напад, за кој е утврдено дека е извршен со рачна бомба и со пушка АК-40, како терористички чин е изведен со цел да се заплашат полициските службеници, но и сите граѓани на Косово, вели тој.

Свечља рече дека нападот, кој го оквалификува како терористички, бил извршен со рачна бомба и со калашников.

Тој информира дека последните три дена во таа област се случиле четири напади врз косовската полиција.

„Првиот напад се случи со поставување метални ланци со шилци на националниот пат отприлика во исто време како денеска, со цел да ја оневозможат работата на полицијата на Косово и истовремено директно да ги загрозат нивните животи. Вториот напад е изведен со фрлање камења кон полициско возило. Третиот напад се случи синоќа, кога во близина на полициски пункт кој ги обезбедува пречките на илегалните премини на границата е пукано од огнено оружје. И денеска директно се нападнати две возила кои ги превезувале полициските службеници на граничните премини. Тоа е редовна смена на полицијата, што се врши во осум часот и два од четирите напади се случија токму во тоа време“, изјави Свечља.

Тој оцени дека „ангажирањето на институциите на Косово за воспоставување ред во секој дел од државата станало пречка за Србија“.

Сепак, рече Свечља, целта на Белград не е да го нападне, туку да го дестабилизира Косово.

„Не се плашиме од никакво сценарио на Србија. Целта на Србија во овој момент не е да го нападне Косово, туку да го дестабилизира“, изјави Свечља.

актуелно Бислимоски напад Косово полиција регион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.