Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уверенија за 23 лица од затворот во Куманово за стручно оспособување

0
By Нова ТВ on November 27, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска во селото Кшање, 23 осудени лица од КПУ Затвор Куманово добија уверенија за стручно завршена обука за пекар и аргон заварувач, со обуки реализирани преку Министерството за образование и наука, УНДП и Управата за извршување санкции.

На свеченоста во затворот присуствуваа министерката за образование, Рената Дескоска, директорот на Управата за спроведување санкции, Јовица Стојановиќ и постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Лујза Винтон.

Дескоска потенцираше дека станува збор за значаен образовен проект, кој освен образовна компоненета има и вредност од социо-хуманистички аспект.

Директорот на управата за спроведување на санкции Јовица Стојановиќ, рече дека како установа се посветени на постојано унапредување на условите и можностите за обука, кои се значајни за понатамошниот живот на учесниците во обуките.

Тој додаде дека заедно со МОН ќе преземат мерки и активности за дообразување на лицата од установите.

Претставници од училиштата кои ја спроведоа обуката им ги доделија уверенијата, а на свеченоста присуствуваше и раководителот на казнено поправната установа Куманово, Марјан Спасовски.

Од вкупниот број лица, 12 добија уверенија за пекар, додека 11 лица се стекнаа со сертификати за завршен аргон заварувач.

Стручните обуки за пекар и аргон заварувач опфаќаа повеќе од 200 реализирани часови обука од страна на средните стручни училишта – спроведувачи на обуки за наведените занимања.

Куманово осуденици уверенија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.