Осомничениот за нападот со камион во Стокхолм, шведските медиуми го идентификуваа како Рахмат Акилов, градежен работник од Узбекистан и татко на 4 деца, кој се криел за да избегне депортација.
Покрај името, весниците Експерен и Афтонбладет објавија и фотографија на осомничениот за нападот во кој загинаа 4 лица, а 15 се повредени.
Како што се наведува, осомничениот барал постојан престој во Шведска, но бил одбиен поради што властите побарале депортација, пренесува Ројтерс.
Шведската полиција претходно го идентификуваше осомничениот како 39 годишен маж од Узбекистан кој бил познат по тоа што покажувал симпатии кон екстремистичките организации, вклучувајќи ја и Исламската држава, пренесува АФП.