Две деца паднале од голема висина од висококатница во Стокхолм, а едно од нив починало на лице место додека другото е во тешкам состојба и лекарите се борат за неговиот живот.
Шведската полиција соопшти дека уапсила маж и жена како осомничени за убиство. Децата, кои наводно се брат и сестра, и двете помлади од 10 години, итно биле префрлени во болница, но едното починало, додека другото дете има повреди опасни по живот, соопшти полицијата, пренесува АП.
Таблоидот „Експресен“ објави дека таткото ги избодел децата пред да ги фрли низ прозорецот на стан во Западен Стокхолм во неделата вечерта. Случаен минувач наишол на повредените деца и случајот го пријавил во полиција.