Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ужасни слики во тетовската болница

0
By Нова ТВ on July 21, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 21, 2014 16:15

Состојбата во Клиничката Болница во Тетово последните недели ја отсликаа и неколкуте фотографии објавени во социјалните мрежи и портали, а кои ја прикажуваат незамисливата нечистотијата и стара инфраструктура И сето тоа предизвика реакции кај граѓаните, кои бараат од надлежните да превземат соодветни мерки за да се подобри состојбата.



Фотографии од Гинеколошкото одделение во тетовската болница објавени во порталот Инбокс7

Директорот на Клиничката Болница во Тетово,Флорин Бесими, не ја негира вистината што ја прикажуваа дел од фотографиите, но вели дека многу од тие фотографии не се однесуваат на институцијата со кој тој раководи.

„Во нашиот кампус делуваат и други институции кои не се во надлежност на тетовската болница, како што се Здравствениот Дом-Тетово, Институтот за Јавно Здравство и др. Дел од фотографиите не се од Гинеколошкото одделение при нашата болница, туку им припаѓаат на концесионерите и на други институции”, вели Флорин Бесими.

Меѓутоа, тој признава дека некои оддели на оваа болница се во мошне тешка состојба.
„Некои фотографии, за жал, ја прикажуваа и вистината за условите во кои работиме. Одделението за абортирање е во тешка состојба, но како што можете да забележите, апаратурата е нова и современа”, се правда директорот Бесими.

Тој вели дека институцијата била под постојан надзор на Санитарната Инспекција како и на инспекциите од Министерството за Здравство и се надева дека од нивниот извештај граѓаните ќе ја добијат вистинската слика за Болницата во Тетово.

„Вистина е дека станува збор за стари згради и за лоши услови, но повторувам дека сите тие простори не и припаѓаат на тетовската болница. Константно имаме инспекции од Санитарниот Инспекторат, Фондот за Здравство, Министерството за Здравство и не се констатирани пропусти од овој вид. Но, за ова ќе разговарам со мојот персонал бидејќи им должиме објаснување на граѓаните”, вели Бесими.

Ужасни слики во тетовската болница





Фотографии на НОВА снимени во тетовската болница

Фотографиите кои ги направи НОВА внатре во болницата зборуваат самите за себе за тоа во каква состојба е зградата.

А за лошата состојба говори и горчливото искуство кога пред неколку години од силниот ветер се откорна покривот од едната зграда и падна врз главата на студентка од Косово која почина на самото место. За овој трагичен настан никој не понесе одговорност, ниту извршителот на градежните работите ниту работодавецот.

Бесими вели дека кај зградите од блокот на хируршкото и интерното одделение веќе се направени потребните реконструкции и обновени се подовите, тоалетите и операционите сали.

„Се уште не сме го решиле целосно проблемот бидејќи има и други објекти кои треба да се реконструираат или да се изградат нови заеднички згради. Но, овие капитални инвестиции ги прави Министерството за Здравство”, вели Директорот Бесими.

Зборовите на управата не ги тешат граѓаните на Тетово. Најдобра илустрација за состојбата во која се наоѓа болница се предупредувањата кои доаѓаат од вработените.

„Никогаш не се знае кога може да ви падне нешто од покривот на зградите, затоа секогаш кога дува силен ветер им велам на луѓето да се засолнат”, вели еден од чуварите во тетовската болница.

Сообраќаен хаос во кругот на тетовската болница

Состојбите внатре, пак, можат да се насетат и од надвор. „Мириса“ на хаос уште додека се обидувате да пристапите до тетовската болница. Автомобили на пациентите се паркираат секаде каде што ќе се најде слободен простор со што ја попречуваат работата на дежурните служби и Службата за Прва Помош.

„Работиме на тоа да го регулираме внатрешниот сообраќај кој предизвикува метеж во кругот на нашата институција. Не сме само ние во овој простор, има и други институции, затоа е толкава гужва. Но наш приоритет е да ја разрешиме оваа состојба”, вели Бесими.
Револтот, сепак, е поголем кај граѓаните.

„Не можам мајка ми да ја пренесам до Интерното одделение. Треба пешки да одиме дотаму, а таа е стара и болна. Што бараат автомобилите овде, кој е тој што им дозволува да влезат во кругот на болницата”, прашува еден жител од Ѓермо.

Новата зграда работи делумно

Граѓаните на Тетово се жалеле и кај Народниот Правобранител поради тоа што новата зграда во која е сместен Дијагностичкиот Ургентен Центар се уште не е дадена во употреба.

Скапата опрема, како што се магнетната резонанца и компјутерската томографија, се сместени во оваа зграда која од надвор се чини дека е во одлична состојба, но внатре работат само подрумот и приземјето. До скоро се фрустрираа и вработените лекари кои иако ја имаа на располагање софистицираната опрема, но која што не беше ставена во функција, па не можеа да ја користат и пациентите ги препраќаа во Скопје.

Надлежните од Болницата велат дека овој проблем сега е надминат.

„Магнетната резонанца работи веќе трети месеци и овде пациентите аплицираат според моделот – Мојот Термин. Вршиме по 7 неврорадилошки снимања дневно, секој понеделник,вторник и четврток”, вели Др. Арѓенд Имери, радиолог.

Доцнењето со работа во оваа одделение директорот Бесими го оправдува со динамиката на работите околу изградбата на објектот и доставувањето на потребната медицинска апрема.

„Компанијата што беше задолжена за изградба на објектот од страна на Министреството за Здравство отиде под стечај и додека поминаа законските процедури и климатските услови, се задоцни са комплетирањето на оваа зграда. Среќни сме што успеавме да ги оспособиме подрумот и приземјето, каде што се сместени софистицираните апарати како што е компјутерскиот томограф со 64 детектори. Во меѓувреме некои лекари ни се вратија од Скопје и мислиме дека во иднина ќе нема потреба нашите граѓани да ги упатиме во главниот град”, вели директорот Бесими.

И Одделението за онкологија кое е стационирана во оваа зграда, исто така работи делумно. Лекарката вработена во оваа одделение вели дека е единствена специјалистка и оти останатите се уште се обучуваат.

„Одделението за онкологија е ново оддел во тетовската болница. Ова оделение е на зачеток на работата, та затоа засега даваме само специјалистички консултации од областа на онкологијата. За во иднина планираме да почнеме со аплицирање на цитостатиците. За терапијата за зрачење, пациентите ги упатуваме во Универзитетската Клиника за

Радиологија и Онкологија во Скопје”, вели лекарката Вјолца Скендери, Специјалист онколог и радиотерапевт.

Но, се чини дека овдешните граѓаните не знаат дека во тетовската болница постои вакво одделение. Повеќето од нив не се информирани за тоа што е магнетна резонанца или компјутерска томографија.

Нема интерес за бесплатните гинеколошки прегледи

Надлежните од одделението за гинекологија и обстретика велат дека тие се грижат за пациентите од тетовско, гостиварско, дебарското и дел од скопските населени места на кои поблиску им е Тетово одошто Скопје. Само минатата година имале околу 9000 пациенти, од кои 2400 породувања и 900 операции.

„Ние настојуваме да расте бројот на новороденчињата и да се намали бројот на абортуси. Смртноста кај новороденчињата е сведена на минимум. Што се однесува до абортусот, предвидена е строга процедура во која се вклучени и психолози и тоа не може да се направи така едноставно “, вели Началникот на Гинеколошкото Оддееление, Нагип Руфати.

Тој е загрижен заради незаинтересираноста од страна на жените за бесплатните гинеколошки прегледи. Вели дека сите треба да работат за подигнување на свеста кај жените за значењето на превентивна здавствена заштита.

„Им апелирам на жените од Полошкиот Регион да го искористат правото за бесплатни гинеколошки прегледи. Имаме случаеви кога пациентките доаѓаат во нашето одделиение со карциноми во напредна фаза, при што се намалуваат можностите да им помогнеме” вели Руфати.

Потребни се пунктови за Прва Помош и во руралните oпштини
Службата за Прва Помош се соочува со проблеми околу давањето на услуги. Претставници од оваа служба велат дека се добро опремени со апарати и со амбулантни возила кои се набавени пред две години, но и покрја тоа тие се недоволни за да се покријат и околните рурални средини.

„Имаме 4 амбулантни возила кои се во служба на граѓаните во тетовско, но потребите на населението се многу поголеми и неопходно е да има и други пунктови на службата за прва помош, посебно во руралните општини. Нашата служба е специфична и понекогаш сме ограничени околу давањето на првата помош” вели началникот на Службата за Првата Помош, Гезим Нуредини.

Од оваа служба велат дека многу им пречи гужвата низ тетовските улици како и сообраќајниот метеж во околината на тетовската болница. Градските власти се обидоа да го решат овој проблем со тоа што ја направија еднонасочна улицата во близина на болницата, но повторно се соочуваме со истите проблеми.

„Заради сообраќајниот метеж низ градските тесни улици се соочуваме со проблеми при интервенциите. Дневно имаме од 25-30 интервенции и секогаш се бориме со времето. Исто така имаме проблеми и со неточните адреси на улиците и куќите, отука сметам дека треба да се надминат овие тешкотии, со што ќе можеме навремено и непречено да интервенираме”, вели Нуредини.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.