ВМРО-ДПМНЕ без срам ги суспендира институциите, јавно ставајќи и на знаење на јавноста дека над нив е партијата, истакна потпретседателот на СДМ, Ванчо Узунов.
СДСМ постави до Владата важни прашања што се однесуваат на трошења народни пари и инсисистира Владата веднаш конкретно да одговори:
– Зошто и два месеца од изминувањето на законскиот рок, Владата до Собранието нема доставено завршна сметка за Буџетот за 2012 година ?
– Што крие Владата ?
Преку Буџетот, Владата во 2012 година потрошила над 100 милиони евра повеќе од тоа што смеела. Тоа го покажуваат податоците на веб страницата на Министерството за финансии. Согласно ребалансираниот буџет за 2012 година, Владата требаше да потроши 149.500 милиони денари, а таму стои дека се потрошени 155.800 милиони денари. Разликата е над 100 милиони евра и што е клучно, не е озаконета од Собранието, коешто има исклучива надлежност за тоа.
Наместо објаснување за кршењата закони од страна на Владата, реагира ВМРО-ДПМНЕ со објаснување дека платите и пензиите редовно се исплаќале, а истото важело и за субвенциите и обврските кон стопанството.
СДСМ освен одговори од Владата на поставените прашања, бара од ВМРО-ДПМНЕ да престане да ја потценува интелигенцијата на народот.




