Published: Tuesday, June 16, 2015 16:36
Сметам дека процесот на преговори се уште е отворен, а ако истите пропаднат, тоа би можело да има сериозни последици не само за Македонија туку и за регионот, вели во интервју за 24 Вести известувачот за земјава во Европскиот парламент Иво Вајгл.
Тој повторува дека на последните преговори една страна не била подготвена на компромис, не посочувајки за кого станува збор.
Прашан за шпекулациите за американско посредство во преговорите, Вајгл вели дека секој кој има можност да влијае на инволвираните страни е добредојден во процесот.




