Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вајгл: Проектот „Жан Моне“ не е замена за Пржинскиот договор

4
By Нова ТВ on November 10, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 10, 2017 14:21

Последната недела на јануари следната година, претставници на политичките партии, европратеници, експерти од ЕУ, заедно со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан и претставници на францускиот Парламент и на француската влада, во Париз ќе го почнат процесот на меѓусебен дијалог за важни прашања насловен како „Жан Моне“, информираше денеска известувачот на Европскиот парламент за Македонија, европратеникот Иво Вајгл.

Тој потенцираше дека ова нема да значи замена или продолжување на Договорот од Пржино, кој ќе остане ист, ниту пак ќе ги промени препораките од експертот Рајнхард Прибе.

– „Жан Моне“ е можност за интеракција на европскиот со македонскиот парламент и ќе даде можност за отворена дебата, но без присутност на јавноста и медиумите. Охрабрен сум од атмосферата што ја имав на средбите во Скопје со координаторите на пратеничките групи, кај кои преовладува духот на соработка, меѓусебна почит и волја да се работи во интерес на граѓаните, рече Вајгл.

Тој потенцираше дека првата средба ќе биде во куќата на Жан Моне, која е симбол за интеграција, но другите средби ќе бидат или во Македонија или во други земји на ЕУ. Вајгл информираше дека, по иницијатива на претседателот на Собранието Талат Џафери првата тема ќе биде процедурите во Собранието и етичкиот кодекс на претставниците во Парламентот, но ќе се зборува и за владеење на правото.

Европратеникот потенцираше дека процесот „Жан Моне“ не значи решавање на проблемите, туку дека тие ќе се решаваат во законодавниот дом на Македонија, кој е суверена институција.

Вајгл изрази надеж дека политичките партии ќе го имаат интересот на државата во прв план и дека ќе се вклучат во конструктивен дијалог во интерес на граѓаните.

Прашан како очекува пратениците да седнат на заедничка маса кога се уште не се расчистени настаните од 27 април, Вајгл рече дека се надева дека од тоа болно искуство сите политички партиии ќе извлечат поука и оти на средбата крај Париз само ќе се дебатира за проблемите, а местото за нивно решавање е Собранието.

 

Жан Моне Иво Вајгл Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.