Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вакцини против Ковид-19 до крајот на месецов и почетокот на идниот, надлежните велат сите ќе бидат безбедни

0
By Нова ТВ on March 18, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здравствените власти очекуваат поголеми количини вакцини против КОВИД-19 во земјава да стасаат до крајот на месецов или на почетокот на следниот. Уверуваат дека сите вакцини што влегуваат и ќе влезат во земјава се и ќе бидат безбедни. Недостигот на вакцини, велат, се чувствува секаде и е резултат на многу поголемата побарувачка од понуда. Се очекува до почетокот на следниот месец да профункцинира и Ковакс системот преку којшто би стигнале околу 100.000 вакцини. Амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија Дејвид Гир се согласува дека доставата на вакцините не е на посакувано ниво, но и тој се надева дека механизмот Ковакс ќе профункционира соодветно. Гир вели дека ЕУ посакува да се обезбедат вакцините од самиот почеток, но оти работата е уште потешка поради постојаното зголемување на бројот на заразени.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера потенцираше дека и вакцината АстраЗенека, но и буквално сите други вакцини кои влегуваат и ќе влезат во нашата земја се безбедни за граѓаните. Како што посочи, експертски тим ги следи сите известувања од националните агенции за лекови и ќе се води само според официјалните препораки. Тој нагласи дека воопшто нема проблем да се вакцинира лично со вакцина на АстраЗенека.

Филипче информира дека за денеска е закажан состанок на Комитетот за безбедност на ЕМА, поточно на Европската агенција лекови, на која ќе се анализираат несканите случаи поврзани со АстраЗенека, за кои како што рече, се навистина малку во однос на вкупниот борј на вакцини кои што се дадени.

-Сите експерти од нашиот тим ги пратат и несаканите ефекти од страна на оваа вакцина, одлуките на националите агенции, а ќе се водиме секако според официјалните препораки како на ЕМА, така и на производителот, додаде министерот.

Тој истакна дека до почетокот на следниот месец се очекува да профункцинира Ковакс системот преку кој би стигнале околу 100.000 вакцини, додавајќи дека во меѓувреме се разговара и со кинеските и руските претставници за вакцините. Најави дека продолжуваат и разговорите со Компанијата Фајзер.

Дека до крајот на овој месец и почетокот на следниот во земјава ќе пристигнат поголема количина вакцини е уверен и премиерот Зоран Заев.

-Ги очекуваме кинеските вакцини можно е да стигнат, лично се надевам дека дополнително ќе ни помогне кинеската Амбасада и нашите врски со Кина, за да може тие 200.000 вакцини, кои се нарачани, потпишани протоколи да стигнат до крајот на месецот. Затоа што го чекаме и во посета кинескиот министер за одбрана, па би било сходно да направат дополнителни напори да стигнат вакцините од Кина, истакна Заев.

Забележа дека рускиот амбасадор и министерот за здравство, Венко Филипче се целосно посветени за обезбедување на следните количини на руската вакцина „Спутник В“, а што се однесува за нарачаните вакцини од ЕУ, Заев вели дека добиле насоки да се направат промени во Законот за обезбедување на гарантен фонд во земјава, за евентуални последици од вакцините за да може да се забрза постапката и од ЕУ.

Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија Дејвид Гир од Тетово порача дека е свесен оти  доставата на вакцините не е на посакувано ниво, но смета дека механизмот Ковакс ќе профункционира соодветно. 

– Имајќи предвид дека и во рамките на ЕУ земјите членки имаат потешкотии во врска со програмите за распределување на вакцините, бројките на новите заразени случаи се зголемуваат и тоа ја прави работата уште потешка. Да не се заборави дека ЕУ исто така фунцкионира врз база на системот на солидарност и во овој контекст ќе профункционира системот и механизамот Ковакс така да Унијата ќе продолжи да ја дава својата поддршка и во контекст на вакцините, меѓутоа мора сите да бидеме свесни дека тоа е навистина многу долг процес. Вашата земја може секогаш да смета на поддршката на ЕУ, истакна Гир.

Опозицијата, пак има бројни забелешки за доцнењето на вакцините во земјава. Бара одговорност од власта за загубените животи и лошото менаџирање и во таа насока најави и интерпелација за министерот за здравство Венко Филипче, потенцирајќи дека за тоа добила поддршка и од другите опозициски партии.

– Се надевам дека г-динот Џафери ќе ја стави интерпелацијата што поскоро на дневен ред, затоа што цениме дека бројот на заразени, бројот на за жал починати граѓани, бројот на невработени кои што се создадоа во државата како резултат на лошото менаџирање со пандемијата и трчањето по провизии со фантом фирма од Хонг Конг наместо набавка на вакцини за имунизација на населението, се големи причини за еден министер сам да си поднесе оставка или ако не е доблесен да го направи тоа, тогаш пратениците и Собранието да му изгласаат недоверба, рече вчера пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Тој ги повика сите пратеници од сите градови, особено, како што рече, оние каде што се премногу засегнати со голем број на жртви и новозаразени, и таму каде што стопанските субјекти се уште трпат сериозни последици од ова лошо менаџирање на власта, исто така, да се придружат на ваквото барање за разрешување на Филипче и да се постави некој подобар менаџер, кој што ќе може здравството, луѓето и граѓаните да ги изведе на подобар пат и подобро да менаџира со оваа пандемија.

Во исчекување на пристигнувањето на вакцините се следат и препораките за вакцинација и новите сознанија. Иако за да се постигне целосен имунитет на КОВИД – 19 од повеќето вакцини се потребни две дози, согласно стручните препораки лицата кои прележале Ковид-19 може да се вакцинираат со една доза од вакцината.

Министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа дека лицата, кои прележале Ковид-19 ги нема во планот за имунизација, со образложение дека имаат антитела, напомена дека планот е флексибилен и може да се менува согласно новите препораки и достапноста на вакцините, како и дека се разгледува и можноста и тие лица да добијат сертификат, како гаранција дека имаат имунитет, доколку треба да патуваат и да ги исполнуваат своите професионални обврски.

-Ја чекаме официјалната одлука од страна на Европската Комисија, прво дали ќе се бара таков серификат, каков ќе биде тој серификат, кој ќе го биде важечки секаде во Европа, а потоа сме подготвени да направиме и такви сертификати за да може да им служат на граѓаните, додаде Филипче.

Европската комисија вчера го разгледуваше предлогот за воведување „дигитален здравствен сертификат“ за граѓаните на ЕУ кои патуваат во рамките на Унијата, што ќе содржи информации за тоа дали некое лице е вакцинирано со вакцина за коронавирус одобрена од Европската агенција за лекови, стекнално имунитет откако се опоравил од Ковид-19 или направил PCR-тест.

Тој „здравствен сертификат“, како што истакнаа претставници на ЕК, е наменет за граѓаните на земјите од ЕУ, а кога станува збор за патници од Западен Балкан и други делови на светот, Комисијата подоцна ќе разговара со Светската здравствена организација и со Организацијата за меѓународни цивилни летови за тоа какви олеснувања може да се воведат и со примена на кои технички, интероперативни и меѓународни стандарди.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.