Published: Sunday, September 29, 2013 13:45
Непознат сторител откако насилно влегол во црквата „Св.Димитрија“ во струшкото село Октиси го запалил платното со кое биле покриени свеќите и фрлил на подот една икона. Од МВР информираат дека инцидентот се случил во период од 15 до 27 септември годинава.
Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица-Струга и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, информираат македонските медиуми.




