Published: Wednesday, March 9, 2016 20:13
Нема преговори за медиумите, бидејќи работните групи не се заинтересирани да продолжат.
Ова за Алсат М го изјавил белгискиот посредник, Питер Ванхауте.
– Мислам дека нема да има средба на работните групи пред изборите. Ако една партија одбива да учествува на преговорите, бидејќи не им се допаѓа консензуалниот пристап и тоа партиите да се договорат за едно прашање, тогаш не гледам причина работната група да се состане. Проблемот со расправата за ова прашање во Собранието се однесува на тоа што на крајот сè зависи од мнозинството, а не од консензусот меѓу сите политички партии, вели Ванхауте.




