– Награда за Владата што испраќа финансиска инспекција за да замолчи невладина организација која има критички став кон организирањето избори, напиша денеска белгискиот експерт Питер Ванхауте на својот профил на социјалната мрежа Твитер.
Твитот содржи и фотографија на која е прикажана мачка на наводна монета од рубља на која асоцијативно стои Република Белорусија.
Ванхауте во текот на февруари стана хит на Твитер со објавување на свои ставови поврзани со политичкитата криза, кои ги изразуваше како коментари од мачки. Тој во Македонија дојде уште летото минатата година како посредник во меѓупартиските преговори за спроведување на Договорот од Пржино.
Европската комисија соопшти дека договорот на Ванхауте со Комисијата како експерт е при крај, но тој неофицијално најави враќање во земјавата со друг ангажман.