Белгискиот посредник помеѓу партиите, Питер Ванхауте, по повод Светскиот ден на поезијата, инспириран од политичката ситуација во земјава, на својот Фејсбук профил објави песна за слободата, сендвичите, изборите.
Во продолжение песната преведена на македонски јазик:
За 1000 денари и сендвич
Минатата недела,
ја продаде слободата
пред Уставниот суд
за 1000 денари и сендвич.
Бидејќи ти се заканија.
Ти ја украдоа приватноста
и те уценија:
„Нема работа за тебе ако не ни се придружиш
за 1000 денари и сендвич“.
И гледам твоите уморни чекори
Зад себе оставаат
Бескрајна трага на длабок очај.
И низ отворени прозорци
ги слушам децата –
како учат на памет
дека во оваа земја
луѓето не се повеќе еднакви,
и слушаат мрачен глас како ги учи
лажна историја
За 1000 денари и сендвич.
Скриен во градот,
Загревајќи се со сонцето
Ја мирисам раната пролет
И гледам во твоите очи
И сфаќам
Промената е во воздухот.
Ванхауте е постојано активен на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер осврнувајќи се на владеењето на правото, на демократијата, зборите и медиумите. Поради саркастичните коментари кон власта, кој отворено ги споделува по завршувањето на преговорите меѓу партиите во Клубот на пратеници, тој е цел на напади од медиумие блиски до власта.
Најголемата владејачка партија, ВМРО-ДПМНЕ на денот кога САД и ЕУ ја презентираа проценката за изборите кои првично беа закажани на 24.април, се откажа од соработката со Белгиецот, нареувајќи го “турист“ во прошетка на Скопје.




