Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ванхоуте претстави платформа за медиумите – партиите се разидуваат во предлозите

0
By Влатко Чаловски on November 30, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 30, 2015 19:20

На белгискиот посредник помеѓу партиите, Питер Ванхоуте очигледно му претстои тежок период во усогласувањетона ставовите меѓу партиите за функционирањето на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Јавниот сервис.

Напоменувајќи дека предлозите на партиите на тема “медиуми“ од далеку се разидуваат и политички и меѓуетнички, Ванхоуте денеска одржа брифинг со новинарите на кој ја претстави својата платформа за прогрес и за тоа како правилно треба тие да работат. Сепак како што рече, сите засегнати со предложените регулативи “треба да пораснат“ и да дејствуваат според меѓународните стандарди.

Според неговата програма, членовите на Советот на АВМУ треба да се избираат со двотретинско мнозинство во Собрание откако ќе се пријават на јавен конкурс.

Секој истакнат професионалец во оваа област треба да обезбеди поддршка или од две невладини организации, или од едно новинарско здружение, или од два универзитети засегнати од работата на Советот, или од Синдикатот на новинари, за да може да се кандидира како член на Советот, а потоа истиот јавно и транспарентно да биде разгледуван.

Избраните членови би имале мандат од пет години со една шанса за реизбор. Се предлага Директорот на Агенцијата да го именува Советот.

Во случај на прекршување на регулативите од страна на некој медиум, Советот ќе отпочне дијалог со медиумот, и доколку е потребно првата мерка ќе биде предупредување, а лиценца ќе се одзема само во случај на ригорозни прекршувања.

Во однос на финансиски казнувања, Советот ќе треба да одлучува сразмерно финансиите на медиумот, но истата ќе мора детално да ја образложи, бидејќи како што рече Белгиецот Ванхоуте, тој не е за казнени, односно рестриктивни регулативи, туку за воведување на професионализам во овие тела.

Директорот на овој Совет би имал извршна функција, би бил одговорен за работата на Агенцијата а за таа позиција би можел да се кандидира секој истакнат професионалец на отворен повик.

На сличен начин треба да се биде биран и Советот на МРТВ, а меѓународната заедница предлага буџетот на јавниот сервис да биде 1 % од државниот буџет. Тоа би биле пари со кои тие самите ќе одлучат како да ги трошат, од човечки ресурси, до опремување, до реновирање на зградата на Јавниот сервис.

Во однос на владиното рекламирање, Програмата на Питер Ванхоуте предвидува за владините пораки кои се од јавен интерес, Јавниот сервис и комерцијалните медиуми да не добиваат паричен надоместок туку тие да бидат бесплатни.

Под тоа тој подразбира кампањи од типот на “Пушењето е штетно по здравјето“, или кампањи за здравје и слично.

Се предлага и намалување на данокот за комерцијалните телевизии од 18 на 5 отсто.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.