Од Канцеларијата на посредникот во преговорите меѓу политичките парии Питер Ванхоуте соопштија дека на средбата на работната група денеска се дискутира за Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, или конкретно за улогата и функционирањето на Агенцијата.
„Политичките партии ги зедоа предвид сите предлози од консултациите со различните засегнати страни при процесот на постигнување договор, се додава во изјавата за медиумите и притоа се објаснува дека „дополнително, од самиот почеток на преговорите за медиумите, посредувачот Ванхауте редовно остварува консултативни средби со засегнатите страни каде тие ги изнесуваат нивните позиции и ставови, со цел законската рамка да ги рефлектира не само препораките на Европската Комисија, Советот на Европа и ОБСЕ/ОДИХР, туку и барањата на новинарите, здруженијата, синдикатот и сите останати засегнати страни“.
Од Канцеларијата на медијаторот Ванхоуте истакнуваат дека одржувањето на преговорите ја следи методологија и динамиката воспоставена уште на самиот почеток, дека политичката работна група се среќава секојдневно, се дискутира на една тема се додека не се постигне договор, а потоа се преминува на дискутирање на следна тема.




