Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вардар со голема победа над Рајн Некар Левен

0
By Нова ТВ on February 6, 2019 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ракометарите на Вардар со доминантна игра вечерва забележаа значајна победа со 30:27 на гостувањето кај Рајн Некар Левен во 11.коло од Лигата на шампионите. Ова беше седма победа, втора оваа сезона за македонскиот тим во десетте меѓусебни средби со РНЛ.

Со освоените два бода избраниците на тренерот Роберто Гарсија Парондо направија голем исчекор кон освојување на второто место во А-групата со што ќе добие условно полесен противник во осминафиналето.

Вечерва во Мајнхајм „црвено-црните“ одлично го отворија натпреварот  ја имаа контролата на резултатот Домаќините на почетокот по секој гол на Вардар успеваа да изедначат до 3:3, а потоа македонскиот шампион поведе и веќе не му дозволи на ривалот да се доближи. Највисоката предност во првиот дел беше седум голови  разлика (16:9), но германскиот претставник со серија од 3:0 успеа на полувреме да отиде со „пристојна “ негатива (12:16).

Вардарци продолжија со извонредна игра и во вториот дел, а највисоката предност од седум разлика ја вратија во 50.минута кога на семафорот стоеше резултатот 27:20. До крајот со рутинирана игра натпреварот беше приведен до крај со посакуваниот исход.

Најефикасни во победничкиот состав беа Тимур Дибиров со седум, и Игор Карачиќ и Стојанче Стоилов со по шест голови. На голот Дејан Милосављев стигна до 10 одбрани.

Во домашниот состав швајцарскиот интернационалец Шмид имаше девет реализации.

Следниот меч Вардар ќе го игра на 16 февруари во Скопје против Веспрем.

Во пресрет на другите натпревари од 11.коло, на табелата во А-групата води Барселона со 18 бода, Вардар има 15, РНЛ 12, Киелце 12, Веспрем 12, Кристијанштад 5, Мешков Брест 5 и Монпеље 3.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.