Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вархеји: Преговарачка рамка во јуни, потоа меѓувладина конференција

0
By Нова ТВ on March 24, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 24, 2020 18:00

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји, на прес конференцијата преку видео линк што ја одржа попладнево изјави дека неговиот план е преговарачката рамка да му биде презентирана во јуни на Советот, по што ќе може да се одржи првата меѓувладина конференција, јави дописничката на МИА од Брисел.

Поради условите во кои се одржуваат прес конференциите во контекст на карантин во Брисел, пресовите не се држат повеќе во живо, туку преку видео конференција.

Изјавата на еврокомесарот што се однесува на датум на почетокот на преговорите, односно поднесувањето на преговарачката рамка, услов за одржување на меѓувладината конференција, беше нејасна поради лошата интернет конекција.

МИА провери со кабинетот на комесарот Вархеји, оттаму потврдуваат дека тој рече дека јуни е датумот на кој смета Европската комисија.

„Ќе почнеме сега многу брзо да ја подготвуваме рамката, треба да седнеме со двете земји, планираме да го ставиме ова на дневен ред на Советот најбрзо што може, односно јуни“, изјави Вархеји.

По денешната одлука на Советот за општи работи да се отворат преговорите со Албанија и Северна Македонија, Европската Комисија има сега задача да изготви преговарачка рамка – земјите кандидати имаат иста таква обврска од своја страна. Штом таа рамка биде финализирана, им се поднесува на земјите членки кои треба да ја одобрат, со што се отвора патот за одржување на првата меѓувладина конференција, објаснуваат за МИА од Европската Комисија.

Со оваа изјава јасно е дека Европската Комисија има зацртано датум за почеток на преговорите, веднаш по објавувањето на редовните извештаи за реформскиот напредок, предвидено во мај.

Еврокомесарот на денешната прес конференција не сакаше да лицитира со тоа која земја прва би го отворила првото поглавје, бидејќи, како што рече тој, сѐ зависи од реформскиот напредок во секоја од земјите. Тој оцени дека не е исклучено Албанија да ја “претрка“ Северна Македонија, или пак двете истовремено да ги отворат поглавјата.

Процесот се заснова на сопствени услуги, повтори еврокомесарот.

Она што е извесно меѓутоа е дека крајниот збор и во овој процес е кај земјите членки, кои ја одобруваат преговарачката рамка. А познато е веќе дека Холандија, меѓу другото, очекува исполнување на низа услови од страна на Албанија, што не е случај за Северна Македонија.

Холандскиот министер за надворешни работи Стефан Блок тоа го потврди во изјава за МИА, но и на Твитер налогот на холандската амбасада при ЕУ, каде напиша:

-Северна Македонија направи видлив напредок и Холандија ја поддржува препораката на Комисијата за отпочнување на преговорите. За Албанија, работите се понијансирани. Остануваат прашања кои бараат внимание, но извештајот за напредокот покажува прогрес кон реформите исто така, така што Албанија е  на добар пат, Советот одлучи дека преговорите можат да започнат кога ќе има одржлив напредок за овие прашања, е официјалниот став на Хаг.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.