Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вархеји: Уставните измени мора да се случат, опозицијата да докаже дека е за членство во ЕУ

0
By Соња Крамарска on July 19, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Денес е важен момент за Северна Македонија и за ЕУ. Оваа политичка меѓувладина конференција е крај на еден долг процес и почеток на нова фаза од пристапните преговори, нешто што се надеваме дека ќе се движи побрзо“, рече еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денес по одржувањето на првата политичка меѓувладина конференција меѓу нашата земја и ЕУ во Брисел.

Вархеји нагласи дека оваа меѓувладина конференција, како што рече, е од големо значење, поради три причини. Првата е што дојдовме до почеток на преговорите по 17 години кандидатски статус и по 13 години од првата препорака за почеток на преговори. Втората, рече тој, е што за првпат се применува ревидираната методологија за нови пристапни преговори, а третата е што се праќа порака до граѓаните на Северна Македонија – ве сакаме во ЕУ.

„Ќе направиме се што може да се забрза процесот на преговори со Северна Македонија. Уште попладнево ќе почнеме со скриниг на законодавството и тоа е првиот чекор во процесот на преговори“, рече Вархеји и додаде:

„Сметам на вас премиере и на вашиот тим за да обезбедите консензус на овој пат. Знам дека не беше лесно, но го избравте најдемократскиот процес и го прашавте Собранието, претставници на народот рекоа дека сакаат да почнат преговорите“, рече Вархеји.

Еврокомесарот, на новинарско прашање, одговори дека „уставните измени мора да се случат“, а на опозицијата и порача дека емоциите нема да помогнат.

„Ја повикувам опозицијата, а имав прилика да видам како се надминаа границите на европските вредности, како што тврди дека е посветена да се случи членство во ЕУ, ајде нека го докажат тоа“, рече тој. (С.К.)

изјава Оливер Вархеји политичка меѓувладина конференција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.