Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

0
By Zoran Ivanov on September 3, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако Русија почна воздушни напади насочени кон западна Украина, блиску до границата со Полска, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили.

– Руската Федерација повторно изведува напади врз цели кои се наоѓаат на територијата на Украина, се наведува во соопштението на Оперативната команда објавено на Х.

Со цел да се обезбеди безбедноста на полскиот воздушен простор … полските и сојузничките авиони интензивно дејствуваат во нашиот воздушен простор, додека копнените системи за противвоздушна одбрана и радарско извидување достигнаа највисоко ниво на готовност, се вели во соопштението.

Русија ноќеска почна бран напади со дронови и ракети врз украинските градови, гаѓајќи западни и централни региони, соопштија украинските власти.

Во градот Знаменка, во Кировоградската област, беа повредени пет лица, а во напад со дронови уништени се 28 згради, соопштија локалните челници. Околу 5:30 часот утрово, новинари на Киев Индепендент јавија дека во главниот град се слушнале експлозии.

На западот на Украина експлозии одекнаа во Калуш, Хмелницки, Луцк и Ривне. Меѓу 2 и 2:30 часот по полноќ во Лавов се слушнаа пукања од украинската противвоздушна одбрана, потврди новинар на Киев Индепендент кој се наоѓа на терен.

Во градот Вишгород, на периферијата на Кијив, соборен дрон предизвика пожар во станбена зграда, изјави гувернерот на Киевската област, Микола Калашник. Во тој напад немало жртви.

Нема податоци за дополнителна штета или жртви во другите градови. Речиси сите украински региони ноќеска беа под тревога поради новите руски напади, соопшти украинското воено воздухопловство.

Нападите доаѓаат во момент кога Русија последниве недели повторно ги засилува ударите врз украинските градови, иако тврди дека е подготвена за мировни преговори.

 

Варшава напади руски Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.