Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вашингтон / Кијив: САД и Украина во Женева се договорија за нов изменет нацрт мировен план кокј го содржи суверенитетот на Украина

0
By Zoran Ivanov on November 24, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Соединетите Американски Држави и Украина изготвија „ажурирана и подобрена“ мировна рамка за ставање крај на војната во Украина, по вчерашните разговори одржани во Женева, се вели во заедничка изјава од Кијив и Вашингтон.

Двете страни се согласија да продолжат со интензивна работа на заедничкиот предлог во наредните денови и да останат во блиска координација со европските партнери, се наведува во заедничката изјава, пренесува ДПА.

Конечните одлуки во однос на оваа рамка ќе бидат донесени од претседателите на Украина и на Соединетите Држави, се додава во изјавата.

Разговорите во Женева беа опишани како „конструктивни, фокусирани и со почит“, покажувајќи „значаен напредок кон усогласување на позициите и идентификување на јасни следни чекори“.

Двете страни се согласија дека консултациите беа високо продуктивни, се вели во изјавата.

Преговарачите повторија дека секој иден договор мора да го поддржи суверенитетот на Украина и да обезбеди траен и праведен мир. Како резултат на разговорите, страните изработија ажурирана и подобрена мировна рамка, изјавија тие.

Украина, исто така, изрази благодарност за поддршката од САД. Двете страни наведоа дека ќе продолжат да работат заедно за да постигнат мир кој ќе гарантира „безбедност, стабилност и реконструкција“ на Украина.

Во одделно соопштение од САД се посочува дека украинската делегација потврдила дека сите нејзини главни грижи – безбедносните гаранции, долгорочниот економски развој, заштитата на инфраструктурата, слободата на навигација и политичкиот суверенитет – биле темелно разгледани за време на состанокот.

Во него се додава и дека украинските претставници изјавиле дека ревидираниот нацрт ги одразува нивните национални интереси и обезбедува веродостојни и спроведливи механизми за заштита на безбедноста на Украина и на краток и на долг рок.

Кијив засега нема непосреден коментар.

Американскиот државен секретар Марко Рубио, претходно вчера изјави дека е постигнат „суштински“ напредок за време на разговорите со украинските претставници во Женева за мировниот план од 28 точки на Вашингтон, кој наиде на отпор од Кијив и неговите европски сојузници.

Тој истакна дека преостанатите прашања не се „несовладливи“ и рече дека прашањата што директно ги засегаат Европа и НАТО ќе бидат разгледани одделно, со придонес од сојузничките нации.

Искрено верувам дека ќе стигнеме до целта, додаде секретарот.

Рубио, исто така, го ублажи претходно предложениот краен рок за прифаќање од страна на Украина, истакнувајќи дека иако заклучок до четврток би бил идеален, сепак дали ќе биде четврток, дали ќе биде петок, дали ќе биде среда, дали ќе биде понеделник следната недела, сакаме да биде наскоро, рече тој.

Рубио во Женева се сретна со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, зетот на Трамп, Џаред Кушнер, и Даниел Дрискол, висок функционер на Пентагон, за разговори со украинската делегација.

Украинскиот преговарач Андриј Јермак го нарече состанокот „многу продуктивен“, додавајќи дека разговорите се движат кон праведен и траен мир. Конечните одлуки, рече Јермак, ќе ги донесат претседателите на Соединетите Држави и на Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги пофали обновените дипломатски напори во вечерното видео обраќање, изразувајќи надеж дека разговорите ќе доведат до вистински чекори за ставање крај на конфликтот.

Разговорите во Швајцарија, во кои учествуваа и претставници од Франција, Велика Британија, Германија и ЕУ, беа набрзина организирани за да се натера САД да го преиспитаат својот последен предлог за завршување на конфликтот што се појави претходно оваа недела.

Европските сојузници на Украина го отфрлија планот во неговата првична форма, кој во голема мера ја фаворизира Русија. Документот од 28 точки ќе бараше од Киев да ѝ отстапи големи делови од територијата на Русија и да ја ограничи големината на својата војска, меѓу другите мерки.

 

Женева план Рубио Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Би-Би-Си: 50 деца им побегнаа на киднаперите во Нигерија

November 24, 2025

Земјоделците во Грција од 30 ноември најавија блокади низ целата земја

November 24, 2025

Каран избран за претседател на Република Српска по предвремените избори

November 24, 2025

Србија: Една година исто барање

November 22, 2025

Ново масовно киднапирање во Нигерија: Од католичко училиште грабнати уште 52 ученици

November 21, 2025
ФОКУС

Белата куќа: Секој договор со Русија мора да го гарантира украинскиот суверенитет

ВЕСТИ November 24, 2025

Американските и украинските власти потврдија дека идниот договор за прекин на конфликтот со Русија „треба…

Австралија: Со мерка на влдата профили на деца под 16 години ќе се бришат од социјалните мрежи

November 24, 2025

Контра планот на Трамп од 28 точки – Европски план за Украина во  24

November 23, 2025

Украина не го прифаќа планот на Трамп – за да запре со агресијата Русија мора да биде запрена економски

November 22, 2025
ТИКЕР

Би-Би-Си: 50 деца им побегнаа на киднаперите во Нигерија

November 24, 2025

Земјоделците во Грција од 30 ноември најавија блокади низ целата земја

November 24, 2025

Каран избран за претседател на Република Српска по предвремените избори

November 24, 2025

Србија: Една година исто барање

November 22, 2025

Ново масовно киднапирање во Нигерија: Од католичко училиште грабнати уште 52 ученици

November 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.