Соединетите Американски Држави денес воведоа санкции врз претставници на Палестинската самоуправа (ПА) и членови на Организацијата за ослободување на Палестина (ПЛО), обвинувајќи ги двете организации дека преземаат чекори за „интернационализација на нивниот конфликт со Израел“, се вели во соопштението на Стејт департментот.
Вашингтон, исто така, ги обвинува за „продолжување на поддршката на тероризмот, вклучително и преку поттикнување и глорификација на насилството“ и вели дека санкциите се состојат од одбивање на визи за членовите на ПЛО и Палестинската самоуправа.