Пред средбата со Зеленски, Трамп синоќа телефонски разговараше со Путин, со кого, како што рече, а потврди и Кремљ, беше договорено наскоро да се сретнат во главниот град на Унгарија.
На новинарите во Белата куќа тој им соопшти дека планира да се сретне со Путин во „следните две недели“ и дека имал „многу продуктивен“ разговор со рускиот претседател.
Трамп, исто така, рече дека ќе му пренесе на Зеленски што разговарал со Путин.
Доналд Трамп синоќа изјави дека САД не можат да ги „осиромашат“ сопствените резерви од ракети „Томахавк“, кои Украина бара од САД да ги обезбедат за да одговорат на руските напади.
Не можеме да ги осиромашиме (резервите) на нашата земја, рече американскиот претседател како одговор на новинарско прашање за тие крстосувачки ракети.
Ни требаат, па не знам што можеме да направиме, додаде тој.

