Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ватикан ја укина „папската тајна“: Случаите за сексуални злоупотреби достапни за граѓанските власти

0
By Нова ТВ on December 18, 2019 ВЕСТИ
Фото: cnn.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 18, 2019 09:46

Папата Франциск го симна превелот на тајност во Ватикан за сексуална злоупотреба, па Католичката црква во иднина ќе може да споделува информации и документи со граѓанските власти, а жртвите ќе имаат прилика да ги ажурираат своите статуси во случаите. Тоа веќе е случај во некои земји, како САД на пример, но таквата пракса досега не важеше секаде. Дел, пак, од Католичките цркви во светот повикаа на т.н. „папска тајна“ што се однесува на одбивање на соработка за некои од случаите.

„Папската тајна“ се смета за највисоко ниво на доверливост во црковниот Закон што опфаќа голем број на административни случаи во Ватикан, како номинации на кардинали, истраги од Секретаријатот на државата и за верска доктина од Собранието. Нејзиното прекршување досега значеше прекин на комуникацијата со Црквата.

„Папската тајна повеќе не е изговор“, порача главниот истражител за сексуална злоупотреба на Ватикан, Архиепископот Чарлс Скиклуна.

Укинувањето на правилото за тајност доаѓа по изнесените критики на неколку црковни службеници за време на историскиот Самит во февруари во Ватикан со фокус на борбата против сексуалната злоупотреба на свештенството. Дел од учесниците го застапуваа ставот дека тајноста во случаите на сексуална злоупотреба е застарена работа и истата служи само за криење на црковни службеници наместо соработка со граѓанските власти.

За Скиклуна, укинување на правилото „значи дека прашањето за транспарентност во иднина ќе се спроведува на највиско ниво“. Укинувањето на тајната, пак, за жртвите ќе значи информираност за текот и исходот на нивните случаи во Ватикан.

Фото: abcnews.go.com

Специјалната декларација на Папата е наречена Респис и стапува на сила веднаш. Притоа не ги менува правилата на приватност околу известувањата за сексуална злоупотреба или судења во Ватикан за наводни насилници. Еден од водечките лидери во кампањата, за „Си-Ен-Ен“, изјави дека потегот на Папата за укинување на клучни закони за тајност во Црквата е „застарен“ и неопходни се натамошни чекори во движењето кон транспарентност.

„Претставници на жртвите од целиот свет со години бараат укинување на папската тајна во случаи за сексуална злоупотреба на деца од свештениците“, вели Матијас Кач.

Фото: irishtimes.com

Кач, кој и самиот е жртва на злоупотреба, е основач на групацијата за кампањи „Ending Clering Abuse“.

„Кон крајот на февруари во Ватикан, на маргините на кризниот Самит за злоупотреба, меѓународната мрежа на жртви и активисти го поставија ова барање. Затоа одлуката на Ватикан е заостанат чекор. Сега е важно да се преземат натамошни чекори кон транспарентност во однос на илјадниците случаи на злоупотреба во коморите и палатите во Ватикан. Тие досиеја мора да бидат достапни за независно разгледување и истрага“, додава Кач.

Фото: rfi.fr

Папата Франциск воедно ја зголеми и старосната граница на возраста во црковната дефиниција за детска порнографија од 14 на 18 години. Новите ватикански закони што ќе стапат во сила во јануари во 2020 година ќе значат дека поседување на порнографски материјал со деца под 18 години е кривично дело.

Ватикан Католичка црква Папа Франциск Папска тајна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.