Папата Франциско прогласи 35 луѓе за светци што живееле во минатите векови, а кои биле маченици.
Последниот од нив бил канонизиран во текот на денешната миса на плоштадот Свети Петар.
Триесет маченици настрадале поради својата вера во 1654 година од раката на холандските калвинисти во Бразил, а три деца од Мексико во 16 век настрадале затоа што го прифатиле католицизмот.
Преостанатите двајца се шпански свештеници од 20 век и италијански свештеник кој починал во 1739 година.