Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Важна е рекламата

0
By Менче Атанасова Точи on June 14, 2016 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 14, 2016 11:21

Мистерот за труд и социјала Диме Спасов и министерот за здравство Никола Тодоров, со набиена агенда неделава се рекламираа по телевизиите и другите медиуми блиски до власта. Ги промовираа истите работи што постојано ги кажуваат, а обичните секојдневни нешта им се протнуваат низ прсти.

Тодоров од толку набиеното темпо викендов отиде да се одмори во Грција како вистински патриот, за да собере енергија за оваа седмица.

Зошто да не, кога неговиот тим веќе направил план во кои болници и зошто треба да се појави. Спасов веројатно размислувал што ново да каже неделава бидејќи не е лесно постојано да се појавуваш во јавноста.

Да не потценуваме, тие водат два ресора кои се многу значајни за граѓаните, па тука најлесно добиваат гласови. Спасов од толку активности изминатата недела немаше време да се занимава со тие што живеат на маргините и молат пред вратите на Министерството со кое тој управува.

Мртво тело на жена три дена се распаѓаше на топлото време под мостот на Вардар на сред Скопје, а Министерството за труд и социјала, како и ниту една друга институција не се почувствуваа повикани да помогнат се додека информацијата не излезе во јавноста. Два часа по обелоденување на случајот, телото беше однесено во капелата во Бутел од екипа на ова претпријатие.

Институциите се однесуваа како да ништо не се случило и си ја префрлаа топката едни на други. Кога семејството бездомници го пријавиле случајот на 192, од полицијата одговориле дека не се надлежни да реагираат. Се работи за семејство на Роми кое 35 години живеат во Скопје, а последната година се сместиле под мостот во импровизирано живеалиште.

Луѓето се пристојни и учтиви и се уште веруваат во системот, истиот оној систем кој досега не нашол за потребно да се погрижи за нив,да им обезбеди пристојно место за живеење. Кога починала 35 годишната жена, од Центарот за социјални грижи два дена ветувале дека ќе помогнат со финансиски средства за погребување и на крај ништо од тоа, телото стоеше три дена на топлото време под мостот, зашто семејството бездомници немаат пари за погреб.

Зошто постои тој „Центар за социјални грижи“, кој е во надлежност на Министерството за труд и социјала, ако не се грижат за вакви случаи? Портпаролите пак , на ова Министерството практично се недостапни, не одговараат на телефонските повици од новинарите, како да пропаднале во земја или можеби станале sвезди на небото.

Го немаше и министерот Диме Спасов да се појави како спасител, на некоја од режимските телевизии. Цела армија луѓе вработени во ова Министерство земаат плати од граѓаните,а не си ја вршат работата за која се платени. Никој, ама баш никој од ова Министерство не излезе на терен да го посети ова семејството.

На социјалните служби не им падна на памет ниту да го посетат тригодишното глувонемо девојче, кое спиеше покрај телото на нејзината почината мајка, изморено од плачење, додека стаорците немилосрдно го гризеа и јадеа трупот. Сето тоа се случуваше на отворено, на фреквентно место во центарот на Скопје, каде што поминуваат илјадници луѓе и возила. Уаа, за Диме Спасов и Министерството со кое раководи!

Министерот Диме Спасов очигледно, не сака да се заморува со вакви проблематични случаи. Тој се појави пред камерите да ни каже дека две илјади деца од социјално загрозени семејства ќе одат на бесплатен летен одмор , да се промовира. И лани го кажа истото и преклани. Зарем и со тоа треба да се фалите? Па, децата од социјално загрозени семејства и тие со ниски примања секогаш користеле бесплатно летување уште во време на поранешна СФРЈ.

И додека министерот за труд и социјала Спасов типува на големо, неговиот колега од здравството, министерот Тодоров менува тактика, си прави порачани интервјуа. Прво се појави на една режимска телевизија, заедно со премиерот каде промовираа апарат и направија претстава за народот во Градската хируршка болница. Слушнавме и дека сакале да реновираат од внатре, ама ИЗИС ги спречува во планот поради опасност по статиката, да не падне болницата. Но,тие се упорни, порачаа дека не се откажуваат се додека не добијат дозвола за внатрешна реконструкција, однадвор болницата била добра. Инаку, да се знае, болницата еднаш беше реновирана и тоа со пари од Јапонската влада.

По ова, утредента осамна интервју со Тодоров во еден портал, повторно режимски. Огромно интервју, а најавија и продолжение за наредниот ден. Стандардно се фали со новата опрема, за која се потрошија 120 милиона евра, а исто толку и за реконструкција на болници. Колку всушност е вистинската вредност на опремата никој не кажува. Тој во интервјуто нагласи дека еден од темелите на оваа, како што рече, коренита реформа бил токму системот „Мој термин“. А, токму најголемите критики од граѓаните се однесуваат на електронското закажување „Мој термин“.

Еве што ми раскажа деновиве еден млад лекар кој сакал да закаже снимање, но во својство на пациент.

„Сакав да закажам магнетна резонанца и гледам од перспектива на пациент, слободни термини има колку сакаш. Отидов кај неврологот да ми закаже и уште од врата ми вика дека нема слободни термини. Јас и реков дека кога отворив на страната на „Мојот термин“ имаше еден куп термини за закажување. Докторката беше толку добра, што го сврти мониторот кон мене и ми покажа дека нема ниту еден реален, туку сите се всушност „фантомски“, односно не постоечки слободни термини. Тогаш се сетив за девојчето со Даунов синдром од Струмица, чија мајка не можеше да закаже термин до септември, а од Министерство за здравство излегоа со став дека има слободни термини и за утредента. Каква јака реклама е ова,“, го раскажа во еден здив своето искуство овој млад лекар.

Значи ги лажат граѓаните, ги лажат пациентите. И да кога сме кај лажењето и рекламирањето, одеднаш се сетив на ветувањето на Тодоров дека екстрактот од маслото од канабис за медицински цели ќе го има до крајот на мај. Еве веќе е средина на јуни, маслото од канабис за медицинска употреба, со висок процент на психотропна супстанца се уште го нема во аптеките.

Всушност, во Агенцијата за лекови објаснија дека прво ќе стигне масло од канабис со хранлива вредност, а откога ќе се обучат лекарите ќе се набави и екстрактот. Мај помина, а еве и јуни, а пациентите, тие тешко болните уште чекаат. Можеше да каже дека ќе го има во септември на пример, ако тоа е реално време кога може да стигне. Да, ама изборите беа во прашање, а пред нив се е во игра. Дури и лажењето!

Да се потсетиме, деновиве министерот за здравство на Летонија си даде оставка бидејќи користел бесплатни здравени услуги, без да чека ред на онколошкиот центар. Тој им се извини на пациентите, лекарите и на секого на кого неговото однесување му предизвикало недоверба кон државата. А, нас не лажат секој ден и уште не гледаат попреку , ако кажеме дека не е така. Зарем некого го интересира народот и државата? Важна е рекламата!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

ВЕСТИ June 24, 2026

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една…

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.