НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вебинар: Не престанаа прекршувањата на работничките права, потребна соработка со повеќе синдикати

0
By НОВА ТВ Balaban on November 25, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ова не се прави со договор само со еден Синдикат. Во време на социо-економска криза во која две години од март до сега, не престана ситуацијата со прекршување на работничките права, со отпуштање од работа. Не може само еден синдикат да одговара и преговара. Не се повикани ниту здруженијата на работадавачи, не се повикани останати синдикати, рече Ампева

Во време на социо-економска криза не престанаа прекршувањата на работничките права. При донесување на мерките потребно е државата да соработува со повеќе здруженија и синдикати, а не само со еден Синдикат, или пак одлуките да ги донесува политички и зад затворени врати. Во меѓувреме, борбата на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) за правата на работниците е далеку од завршена, најмногу проблеми има кај помалите и кај локалните медиуми.

Ова беше заклучокот од денешниот вебинар за почитување и унапредување на работничките права во медиумите на тема „Зошто и за што работиме?“, организиран од ССНМ.

Кристина Ампева, претседателка на ЗЗРП „Гласен Текстилец“ на вебинарот укажа на тоа дека како здружение први го покренале прашањето за минимална плата, која сега важи за сите работници подеднакво.

– Пред да постои Здружението, минималната плата за текстилните и чевларските работници не важеше. Имавме законски минималец за сите останати сектори од тогаш 10 илјади денари минимална плата, а за текстилните работници имаше помала плата, 9.500 со вклучена норма, која треба да биде изработена за да си ја земат таа минимална плата. Ние го кренавме тоа прашање, и затоа сега имаме законски минималец што важи за сите подеднакво. Тоа е наш прв успех како здружение, рече Ампева.

Според неа, во ред е еднаш да се покачи минимална плата со политичка одлука. Меѓутоа, како што посочи тоа долгорочно не е одржливо.

-Секогаш сме за покачување на минимална плата. Дополнително сме дел од глобални мрежи кои се борат за плата за живот. Плата за живот треба да биде одлука и на работодавачите и на државата, и да се стремиме кон тоа. Имавме еднаш политичка одлука за покачување на минимална плата. Доглорочно не е одржливо, додава таа.

Исто така, Ампева напомена дека доколку Владата планира да ја покачи минималната плата за јавниот сектор, тоа треба да го стави во буџетот за наредната година.

Посочи дека има многу од јавната администрaција кои и сега земаат под минимална или минимална плата. Тоа, како што рече, треба сито државата како најголем работодавал тоа да го обезбеди во буџетот.

– Ова не се прави со договор само со еден Синдикат. Во време на социо-економска криза во која две години од март до сега, не престана ситуацијата со прекршување на работничките права, со отпуштање од работа. Не може само еден синдикат да одговара и преговара. Не се повикани ниту здруженијата на работадавачи, не се повикани останати синдикати, рече Ампева.

Според неа, ако државата сака да им покачи минимална плата на работниците, тогаш во ваква ситуација треба да се откаже од некои давачки, кои во моментов приватните фирми ги плаќаат кон државата.

-Тоа значи дека ќе треба измена во Законот за намалување на ДДВ за приватни субјекти. Субвенционирање како што имавме првиот пат на минималната плата не е решение. Тука треба државата да помогне на приватниот сектор што ја одржува оваа економија, преку поповолни мерки за нив, а не со политички одлуки цело време да се прави популизам, додаде Ампева.

Посочи дека е потребна соработка меѓу повеќе здруженија и синдикати за да се спротистават на некои одлуки кои се носат а се штетни.

-Три месеци зборуваме за замрзнување на цени на основните продукти, постојано имаме покачување а платите не мрдаат. Имаме покачување на горивото, се најавува покачување на електрична енергија, а ние тука збориме за репресивни мерки за вакцинација. Не се донесоа апсолутно никакви мерки за помош и поддршка на граѓаните и работниците кои се со минимални примања. Само мерки кои си се носат зад затворени врати, а тоа уште повеќе го зголемува револтот кај граѓаните, додаде Ампева.

Тамара Грнчароска, новинарка и членка на Извршниот одбор на Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници посочи дека ССНМ се уште не завршил со борбата за правата на работниците, иако веќе постојат одредени промени.

Таа рече дека правата на медиумските работници во големите медиуми се порегулирани, останува да се дорегулира кај порталите и кај приватните медиуми, но и локалните медиуми, каде уште има двајца или тројца луѓе кои работат, од кои едниот е сопственик кој работи и тука, како што рече, потешко оди таа борба.

Најголемиот проблем, како што истакна, е регулирање на годишните одмори, регресот за К-15, кој или не се исплаќа или се враќа. Постојат и случаи, каде им се намалува плата, но и случи каде за да им се исплати регрес, следниот месец им се намалува платата, за да се намали трошокот кој го имала фирма за да го исплати регресот.

-Тие се главните проблеми во овој период. Има поплаки и на локално ниво, но таму бидејќи се помали медиуми, потешко е да се организира, рече Грнчароска. 

„Зошто и за што работиме?“ вебинар медиумите работничките права ССНМ Унапредување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.