Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вечерва Македонија – Италија за квалификации на мундијалот 2018

0
By Нова ТВ on October 9, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фудбалската репрезентација на Италија веќе пристигна во Скопје. Додека составот на Џампјеро Вентура леташе кон Македонија за квалификацискиот дуел во Г групата за мундијалот во 2018 година во Русија, селекторот Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев ги споделија впечатоците од досегашните два настапа и очекувањата од претстојниот меч.

Македонската публика има ретка можност да поздрави противник на националната арена како е Италија. Како планетарни прваци во четири наврати и континентални од пред, релиси, 50 години „азурите“ вчерапопладне пристигнаа во Скопје. Ќе рече некој тоа е минато, тоа е историја. Меѓутоа Италијанците допатуваа во главниот град и со уште импресивен податок зад себе. Составот што моментно го предводи Вентура (го презеде од Антонио Конте по завршување на Европското првенство во Франција) не знае за пораз во 53 квалификациски средби едноподруго.

„За Италија нема потреба да се трошат премногу зборови. Сите знае каква репрезентација е, каков фудбал игра, каква фудбалска историја има. Четирикратен светски шампион што е без пораз во 53 натпревари и важи за апсолутен фаворит“, истакна македонскиот селектор Игор Ангеловски, на вчерашната прес конференција.

pandev1

Гостувањето на Италија, за Ангеловски е празник на фудбалот во нашата земја. Нагласи дека двете земји имаат, фудбалски, допирни точки. Како една од основните го исвои Горан Пандев кој подемот, славата и статусот што го градеше низ години го стекна токму таму. Одлично ги познава играчите во италијанскиот национален тим кои сами по себе се екстра мотив и за него и за колегите.

„Сакаме да ги повториме добрите страни што ги истакнавме против Израел во четврток и во истовреме да ги елиминираме лошите што ги демонстриравме. Статисти не сакаме да бидеме. Сакаме да играме и видиме до каде сме“, порача Ангеловски кој најави изведување на состав во формација 3-5-2 меѓутоа и дека не планира да направи сериозни промени во тимот.

Искуството и присуството на Горан Пандев во оваа репрезентација на Македонија е од големо, непроценливо, значење иако капитенот не знае за гол во националниот дрес веќе подолг период. Нема постигнато осум години во квалификациски средби, а запрашан дали тоа прави одреден вид на притисок врз него, тој е категоричен.

„Головите се, секако, важни за секој напаѓач. Но, за мене лично не се приоритет. Дај боже Горан да не постигне гол уште 20 години, само Македонија да победува и се радува“, рече Пандев на средбата со новинарите.

Пандев жали за поразите во двата претходни меча во квалификациите за СП 2018 година. Вели Македонија одиграла добро и во Скадар против Албанија и во Скопје против Израел, но немала среќа да освои бодови.

„Пред нас е тежок натпревар. Доаѓа Италија за која посебни мотиви не се потребни. Одлично ќе беше ако влеземе во мечот со некој бод. Штета. Болни беа поразите и од Албанија и од Израел, среќата во финишот ни го заврте грбот. Италлијанците се фаворити утревечер, Македонија, сепак, нема што да загуби“, нагласи капитенот на националниот тим на Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
ФОКУС

ЕП усвои резолуција за Србија – оценките за состојбата во земјата неповолни

ВЕСТИ October 22, 2025

Европскиот парламент усвои резолуција за Србија во која се истакнува поларизацијата и растечката репресија во…

Блумберг: Украина и Европа подготвуваат мировен план од 12 точки за крај на војната

October 21, 2025

Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“

October 21, 2025

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

October 20, 2025
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.