НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Вечната куќа“ на МНТ, апсолутен победник на МТФ „Војдан Чернодрински“

0
By Нова ТВ on June 13, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Оценувачката комисија на 49. МТФ „Војдан Чернодрински“- Прилеп, во состав Васе Манчев претседател и членовите Братислав Димитров и Мустафа Јашар, одлучи дека претставата на Македонскиот народен театар „Вечната куќа“, работена на текст на Јордан Плевнеш а во режија на Дејан Пројковски, е апсолутен победник на годинешното издание на Македонскиот театарски фестивал кој денес завршува во Прилеп.

Покрај наградата за уметничко остварување во целина, претставата „Вечната куќа“ се закити со уште 9 други награди:

Награди за најдобра главна машка и женска улога им беа доделени на актерите Тони Михајловски и Искра Ветерова, Дејан Пројковски за режија, Јордан Плевнеш за текст, Дарја Ризова за млада актерка, Валентин Светозарев за сценографија, Благој Мицевски за костими, Горан Трајковски за музика и Сташа Зуровац за кореографија и сценски движења.

Преостанатите награди им припаднаа на Андон Јованоски од прилепскиот Народен театар „Војдан Чернодрински“ за машка епизодна улога во претставата „Швејк во Втората светска војна“, Валентина Грамосли од битолскиот Народен театар за женска епизодна улога, додека Атанас Атанасовски од „Театар Комедија“ од Скопје ја доби наградата за најдобар млад актер.

Наградата за современа сценска драматизација ѝ беше доделена на Викторија Рангелова за драматизацијата во претставата на театарот од Струмица, додека Владимир Ѓорѓијоски го изработи најдобриот плакат за претставата на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп.

Со доделувањето на наградите, вечер во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде спуштена фестивалската завеса, а во чест на наградените, ансамблот на „Театар Комедија“ ќе ја изведе претставата „Стјуардеси“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.