Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вечниот опортунист Бакиу мистериозно изгоре на Шапка

0
By Нова ТВ on October 16, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 16, 2013 09:35

Јавноста во Мала Речица, во Тетово, па и пошироко е вознемирена од овој трагичен настан. Но ова се третира и како алузија што ги чека сите опозиционери. Дали неговите ставови во Регулаторна комисија биле пречка во бизнисот со струјата?, истражување на редакцијата на Глобус.

И после цела недела од пронаоѓањето на изгореното тело во опожарениот хотел “Гранит” на Попова Шапка не е јасно дали тоа му припаѓа на 50 -годишниот професор Рухи Бакиу од Мала Речица. Најпрвин беше соопштено дека ДНК анализата во Институт за судска медицина во Скопје тоа го потврдила а потоа дека се оди на нова проверка!

Чудна е таа неизвесност околу идентитетот, бидејќи, телото на професорот при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и поранешен член на Регулаторната комисија, било предадено на семејството и веќе било погребано на муслиманските гробишта во Речица!

За јавноста не се познати причините за мистериозната смрт на Бакиу, чиј мобилен беше пронајден скалите од влезот во хотелот, а чиј автомобил бил кај неговата викендичка на Шапка.

Не стивнуваат сомнежите дали се работи за убиство или за самоубиство. Ова првото пак се врзува за неговата политичка дејност и пошироко неговиот скептицизам за тоа како се одвиваат работите во т.н. “албански камп”. Во Мала Речица се раскажува дека Бакиу пред неколку месеци изјавувал дека непознати лица го однеле на распрашување во Скопје, дека му била наместена сообраќајна незгода кај месноста Карпалак и слично.

На сите ни е во сеќавање дека овој професор штрајкуваше со глад заради непотизмот на т.н. Штулов универзитет во Тетово (2006 година). Исто така имаше желба да формира движење наречено “Дванаесет” за подобрување на општествените работи во Македонија, особено за функционалните права на Албанците.

Претражување на Глобус по Интернет укажа дека овој правник, како заменик на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика имал поинаков став од “официјалниот” во однос на спорните енергетски правилници, во нивните лански “претресувања”. Министерот за економија Ваљон Сараќини тогаш имаше дилема дали Законот за енергетика ќе се менува во насока енергетските компании сами да си ги изготвуваат подзаконските акти. Тие би ги прецизирале нивните права и обврски на пазарот, документи кои откако ќе стапат на сила нема да подлежат под уставна контрола токму поради фактот шти нив не ги прави државна институција туку приватна компанија?!

Сараќини не одговара дали ќе го менува законскиот текст, кој пред една година го изготви Министерството за економија, а го усвоија мнозинството пратеници во Собранието.

Потпретседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Рухи Бакиу, за “Капитал” тогаш тврдел дека “на вака донесените мрежни правила никој не може да биде сигурен дека Комисијата одобрува нешто со што не се пречекорени законите и Уставот”, односно дека со вака поставените работи во Законот за енергетика можеби “намерно им се помага на компаниите кои сами си ги носат мрежните правила и со кои се регулира нивната дејност на пазарот”. Дали неговиот “опортунизам” во однос на бизнисот со струја, нешто за што беше заинтересирана и високата политика, му донесе проблеми во животот?

Надлежните органи сее’ уште не соопштуваат кому му припаѓа изгореното човечко тело во хотелот “Гранит” на Попова Шапка. Неофицијално, од соседи на семејството Бакиу во Мала Речица дознаваме дека во Институтот за судска медицина во Скопје, вчера била повторена постапката за обдукција. Резултати од обдукцијата Институтот најавува за два дена, а дотогаш остануваат дилемите чие е пронајденото тело кое “речиси било јагленосано”.Форензичарите дополнително ќе утврдуваат дали опожареното тело било претходно убиено или смртта настапила од здобиени изгореници.

Во семејството на професорот Рухи Бакиу (49), кое живее во станбена зграда во Тетово на булеварот “Илинденска”, молк за сите збиднувања на Попова Шапка. Овде единствено не се верува дека изгореното тело му припаѓа на нивнот Рухи.

Одделни информации, сепак, се недвосмислени. Рухи Бакиу дома не се појавил од понеделникот, а тоа е еден ден пред да избувне пожарот во хотелот “Гранит” на Попова Шапка и нема поинакви сознанија до денес каде се наоѓа. На скали во изгорениот објект пронајден бил мобилен телефон што му припаѓал на “исчезнатиот” Бакиу. Покрај викендичката на Попова Шапка, што му припаѓа на ова семејство, пронајден е автомобилот чиј сопственик е Рухи Бакиу. Оттука и сомнежот на еден негов сосед дека “телото пронајдено во хотелот нему му припаѓа” и дека “се работи или за убиство, или за самоубиство”.

Од СВР Тетово се добиваат информации дека увидот од случувањето на Попова Шапка целосно е завршен, дека биле земени повеќе примероци, дека се вештачи и автомобилот и дека сето тоа треба да придонесе истрагата да биде во вистинска насока.

Јавноста во Мала Речица, во Тетово, па и пошироко е вознемирена од овој трагичен настан. Во чаршијата се раскажуваат најразлични приказни и нагодувања. Во локалната телевизија на албански јазик “Коха” во Тетово ни рекоа дека Рухи Бакиу пред неколку месеци изјавувал дека непознати лица го однеле на распрашување во Скопје. Неколку дена подоцна за истиот медиум изјавувал дека “му била наместена сообраќајна незгода кај месноста Карпалак”. Еден од соседите на семејството Бакиу во Мала Речица прецизираше дека од тркало на возилото му биле извадени штрафовите што била причина за сообраќајката.

Рухи Бакиу имал звање проф. д-р на правни науки и во тоа својство бил предавач на правните факултети на двата универзитета во Тетово – Државниот и Универзитетот на Југоисточна Европа, повеќе познат како Штулов. Токму на овој универзитет во 2006-та година извесен период штрајкувал со глад, наводно поради непотизмот во оваа образовна институција.

За името на Рухи Бакиу поврзан е и неговиот обид да формира движење наречено “Дванаесет”, како што споменавме, за подобрување на општествените работи во Македонија, особено за функционалните права на Албанците, што како во “Коха” наведуваат, како зародиш на нова политичка партија.

Мала Речица, населба припоена за Тетово од неговата јужна страна со над 10.000 жители е во шок со се она што се слуша и зборува, а особено што се емитува во електронските медиуми. “Ние сме врсници и потекнуваме од едно село – Калиште, гостиварско. Кога бевме на десетина години возраст, се доселивме овде. Рухи имаше услови да се школува, а и учењето му беше подобрата страна. Татку му Сами работеше во Германија (сега е германски пензионер) и имаше услови да го школува. До сега за него не е слушнат лош збор. Секогаш беше принципиелен и аналитичен, како универзитетски професор и стручен. Затоа беше избран за член во регулаторната комисија. Ако е убиен, не знам кои биле мотивите да се посегне по ваков човек”, категоричен е нашиот соговорник, инаку соселанец и сосед на семејството Бакиу во Мала Речица.

Извор:Глобус

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.