Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вељаноски повика на единство и обединување

0
By Нова ТВ on August 2, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 2, 2016 13:59

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, денеска од пред споменикот на Методија Андонов-Ченто во Скопје, претседателот на првиот президиум на АСНОМ, повика на единство и обединување.

Според него, за Македонија останува приоритет членството во НАТО и во ЕУ и вложувањето за развој на државата.

„Како прв меѓу еднаквите пратеници – уште еднаш повикувам на обединување на сите политички структури зад големата идеја на Македонија. Повикувам на дополнително обновување на меѓусебната почит и разбирање помеѓу политичките партии. Тие не смеат да бидат непријатели и мораат да бидат конкуренти кои имаат иста цел. Македонија е нашата заедничка цел. Предолго народот е заложник на една ваква непринципилена политика“, рече Вељаноски.

Иако повика на обединување, тој не заборави во својот говор да спомене непринципиелни политики, алудирајќи на политичарите од опозицијата.

„Македонија, повеќе од една година е предмет на еден непринципиелен политички однос кој ги разградува нејзините државотворни темели и под константен притисок за неправедна промена на основните начела на кои почива современата претставничка демократија. Моќта на граѓаните дадена на избори е под константен притисок и гласот на граѓаните даден на избори е во фаза на континуирана релативизација и обезвреднување. Граѓаните излегоа на избори и гласаа и нивната волја е јасна и недвосмислена.

Сепак наспроти сé, денес овој основен демократски постулат е под закана. Во жарот на политичката битка, опиени од желбата за власт – за жал постојат личности кои на грбот на народот настојуваат да ја приграбат Македонија. Мораме да бидеме јасни и недвосмислени и да кажеме: Доста е! Македонија не беше градена за да се растури“, рече Вељаноски.

Според него, сите обиди за релативизирање на волјата на народот,  ниту имале, ниту имаат ниту некогаш ќе имаат некаков успех и тие се осудени на пропаст и осуда.

„Да не си помисли некој дека може да избега од судот на народот.  Наследството на секоја личност која добила одговорност да работи за народот е предмет на оценка токму од народот! Порано или подоцна“, рече Вељаноски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 6, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

ВЕСТИ June 6, 2026

За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај –…

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

June 5, 2026

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.