Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вељановски бара кривично да се одговара за неисполнети предизборни ветувања

0
By Соња Петрушевска on August 30, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 30, 2019 13:13

Кривично да се одговора за неисполнети предизборни ветувања – побара Трајко Вељаноски, пратеникот од ВМРО ДПМНЕ на собраниската седница на која се избираат нови министри и заменици министри во Владата на Заев. Вељановски дополни дека Заев не го ипсолнил ветувањето за намалување на бројот на министри во Владата.

„Во Кривичниот закон треба да се интервенира и кривично да се одговора и за неисиполнети предизборни ветувања. Влатко Ѓорчев кој седи до мене во Собранието постојано проверува што сте исполниле од Програмата со која настапивте на изборите. Ветивте дека ќе има 20 министри, но тоа ветување не го исполнивте“, рече Трајко Вељаноски.

Премиерот Заев одговори дека бројот на министри е поголем од 20 затоа што во Владата коалицираат поголем број партии.

 

Илија Димовски побара Заев да поднесе оставка поради случајот „Рекет“.

„Прекинете ја оваа политичка агонија во која се наоѓавме и ние кога вие ги објавувавте бомбите и поднесете оставка. Австриската влада веднаш поднесе оставка откако беше објавена една снимка за вицепермиер во владата“, рече Димовски.

Во одговорот до Димовски, Заев кажа дека е голема разлика од времето на владеење на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ .

„Во тоа време, кога се случувал ваков облик на криминал, се случувало тогашната власт да ја сочува телевизијата зашто е владина. Тој што земаше пари си ги чуваше, а тој што ги даваше парите имаше да молчи. Сега премиерот го пријави случајот и Јавното обвинителство си работи без пречки да го расчисти случајот“, рече Заев од собраниската говорница.

Нина Ангеловска е предложена за нов министер за финансии.

Таа е сосптвеник на компанија за интеренет продажба на производи со попусти и има 31 година.

„Со нејзиниот избор испраќаме порака дека младите треба да останат во земјата и дека успешните студети можат да стигнат и до високи позиции“, кажа Заев.

За министер без ресор предложен е Хисни Џемаили, а за заменици министри -Кирил Колемишевски – за економија, Елизабета Наумовска за заменик министер за образование, а Неџад Мехмедовиќ за заменик министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.