Published: Wednesday, December 18, 2013 09:35
Синоќа во Велес се одвивала голема полициска акција. Уапсени биле неколку дилери на дрога, -тројца велешани и еден скопјанец, јавуваат македонските медиуми.
Групата која препродавала дрога поседувала камион со кој ја пренесувала дрогата, а биле запленети 100 килограми марихуана, а се претпоставува дека дрогата била наменета за странскиот пазар.
Се уште нема повеќе информации за акцијата. Детали од МВР се најавуваат за денеска.




