Published: Sunday, December 1, 2013 12:33
Велешанец загина, а неговата сопруга и синот, како и возачот на автомобилот се повредени во тешка сообраќајка што се случи синоќа околу 20 часот на регионалниот пат Градско – Велес.
Сообраќајката се случила кога триесет и петгодишниот возач на автомобилот „опел” изгубил контрола над возилото и удрил во бетонски мост.
Педесет и седумгодишниот Мијалче С. починал на лице место, додека неговата една година помлада сопруга, 16-годишниот син и возачот на автомобилот се повредени и пренесени во Ургентниот центар.
Извршен е увид на местото на несреќата, а телото на починатиот е предадено за обдукција./крај/мвр




