Published: Friday, September 13, 2013 20:45
Министерството за транспорт и врски ја поддржа измената на Генералниот Урбанистички план, со кој на местото на фабриката е предвидено да се садат дрвја.
Четириесет и петте хектари на кои се наоѓаат погоните и јаловината, ќе бидат претворени во зелен појас. Останува уште советот да ја изгласа одлуката на некоја од следните седници.
„На останатиот дел од локацијата е зацртано да се изгради сообраќајна и комунална инфраструктура. Бришејќи ја Топилницата од целокупната планска документација се стави крај на децениската борба на велешани за здрава животна средина, рече Славчо Чадиев, градоначалник на Велес.




