Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Велика Британија ја предупредува Полска дека праќање борбени авиони во Украина може да ја стави на линија на огнот со Русија

0
By Соња Крамарска on March 8, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обединетото Кралство ја предупреди Полска дека испраќањето борбени авиони во Украина може да ги стави на „директната линија на оган“ од Русија.

Како што јавува Си-Ен-Ен, секретарот за одбрана Бен Валас изјавил за Скај њуз дека иако Обединетото Кралство ќе го „поддржи“ полскиот избор за снабдување на Украина со борбени авиони, земјата треба да биде свесна за предупредувањето на Русија за „одмазда“.

Веста доаѓа еден ден откако американската амбасадорка во НАТО, Џулијан Смит изјави за Си-Ен-Ен дека американските власти разговараат со полската влада за Полска да испрати борбени авиони Миг-29 за поддршка на Украина. Смит нагласи дека ова е „суверена одлука“ на Полска.

„Полска се граничи со повеќе земји, меѓу другите и со Белорусија која е активен учесник со Русија. И Полска треба да знае дека со својот избор може да и помогне на Украина, што е добро, но може и да се најде на директна линија на огнот од Русија или Белорусија“, рече Валас.

Валас додаде дека не е негово да погодува каков избор ќе направи Полска истакнувајќи дека има „навистина голема одговорност на рамениците на претседателот на Полска и министерот за одбрана“.

„Мое како колега и членка на НАТО е да кажам дека ќе ја поддржиме Полска каков избор и да направи“, заклучи Валас.

Досега, НАТО остана цврсто во својата неподготвеност директно да се вклучи во конфликтот, освен поддршката на отпорот на Украина кон инвазијата што убива невини цивили, додека американските власти јасно ставија до знаење дека американските трупи нема директно да се вклучат во борба со руските сили.

И двете страни во петокот се спротивставија на повиците за воспоставување зона на забранети летови во Украина, предупредувајќи дека тоа може да доведе до „целосна војна во Европа“ и велејќи дека прават се што можат за да и помогнат на Украина да се брани од руската инвазија.

Велика Британија Полска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.