Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Велика Британија објави правна поддршка за напад на Сирија

0
By Нова ТВ on August 29, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според внатрешниот меморандум, Велика Британија ќе биде овластена да ја нападне Сирија, дури и ако Советот за безбедност не ја одобри акцијата.

Правните советници на британската влада проценија дека има правна основа за воена интервенција врз Сирија без согласност од Обединетите нации, но само ако бидат исполнети три услови. Доколку дојде до блокада во Советот за безбедност на ОН, Обединетото Кралство сè уште би имало можност, според меѓународното право, да преземе исклучителни мерки за да се намали степенот на хуманитарната катастрофа во Сирија преку сперечување или нарушување на понатамошното користење на хемиско оружје од страна на сирискиот режим.

Според доктрината за хуманитарна интервенција, правна основа има ако бидат исполнети три услови:

-Доколку има убедливи докази, општо прифатени од меѓународната заедница во целост, за екстремно хуманитарно нарушување од голем степен, за што е неопходна итна помош;
-Мора да биде објективно јасно дека нема друга практична алтернатива на употребата на сила за да се спасат човечки животи;
-Предложената употреба на сила мора задолжително и пропорционално да има цел на овозможување на потребата за хуманитарна помош и мора да има строго ограничено време и простор за остварување на оваа цел.

Без одобрување на поголемиот дел од опозицијата, премиерот Дејвид Камерон тешко ќе може да го спроведе планот за воена акција врз Сирија. На денешната дебата Камерон сепак пред британскиот парламент рече дека е незамисливо Британија да го направи тоа доколку постои сериозна опозиција во Советот за безбедност.

„Незамисливо е да се спроведе такво нешто доколку постои цврсто противење во Советот за безбедност“, изјави тој.

Според американскиот претседател Барак Обама, САД заклучиле дека сириската влада спровела напади со хемиско оружје во близина на Дамаск, а за тоа мора да постои одговорност.

Додека советот за безбедност на ОН расправа за Резолуција со која би се допуштила воена интервенција на Западот во Сирија, Вашингтон и Лондон се чини се нестрпливи па се подготвуваат за напад иако инспекторите на ОН се уште не објавиле податоци за тоа дали силите на Башар ал Асад навистина користеле хемиско оружје, односно нервен гас сарин.
Сиријскиот претседател Башар ал-Асад денес потврди дека земјата ќе се брани од било каков напад од странство, пренесуваат државните медиуми.

„Сирија ќе се брани од било каква агресија, а заканите само ќе ја зголемат посветеноста кон принципите и независноста“, изјави Асад.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.