Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Велимир Жерновски добитник на наградата „Ладислав Баришиќ“ од AICA

0
By Нова ТВ on June 21, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 21, 2016 11:48

„Шарена револуција“? (контекстуални предизвици на граѓанскиот отпор и уметниковиот активизам)“ на авторот Велимир Жерновски е добитникот на годинашнава награда „Ладислав Баришиќ“ која се доделува од здружението на ликовни критичари AICA Македонија.

На отворениот повик распишан од 11.април до 20.мај оваа година се пријавиле пет проекти.

Tрочленото стручно жири во состав Валентино Димитровски (историчар на уметноста, ликовен критичар и куратор), Артан Садику (професор по филозофија) и Јованка Попова (историчар на уметност), по разгледувањето на доставените предлози одлучило дека предметниот проект на Велимир Жерновски заслужува да биде издвоен и награден..

Актуелните состојби во општеството, политиката и во културата, на глобален и на локален план, недвосмислено го упатуваат дискурсот за состојбите во уметноста денес и нејзиниот претпоставен карактер во правец на фингирање на една ангажирано-критичка димензија не само на нејзините релевантни практики, туку, еднакво, и на уметничката критика како комплементарно дејствување во културната размена и живеење.

Тргнувајќи од уверувањето дека денешната уметност и критика се во нераскинлива симбиоза и упатени на взаемно проткајување и надополнување, а она што на тој план обете ги апсорбира и насочува е доминантно критичката компонента и понирањето во актуелните социокултурни и политички состојби, сметаме дека денес релевантни практики во обете области може да бидат само оние што се критички димензионирани и упатени на актуелните случувања и состојби кај нас и во светот.

Токму проектот на Велимир Жерновски, „Шарена револуција“? (контекстуални предизвици на граѓанскиот отпор и уметниковиот активизам)“,  наполно ги задоволува овие два критериума, сметаат од здружението.

Имено, од една страна, овој проект недвосмислено се фокусира на актуелните збиднувања околу граѓанскиот активизам и поливалентното спонтано дејствување во рамките на Шарената револуција, за разобличување на первертираните парадигми на власта во сите сфери на општественото живеење. Овој повеќегодишен активизам со интензивирање во актуелниот општествен момент, Жерновски го фокусира како своевидно концептуално перформативно дејствување.

Од друга страна, проектот недвосмислено е фундиран како иманентна критика во вивисекцијата и разобличувањето на веќе подолго време етаблираните ригидни општествени и културни практики и политики кај нас.

Велимир Жерновски е уметник кој работи цртежи, видеа и фотографии, преку кои ги истражува промените во урбаната култура и прашањата поврзани со сексуалноста и родовиот идентитет, како и прашањата поврзани со постојаната транзиција, како на личниот, така и на идентитетот на сопствената генерација. Има остварено неколку самостојни изложби во Македонија и Европа и учествувал во повеќе меѓународни проекти и културни соработки. Од 2008 година е коосновач и претседател на Ф.Р.И.К (Формација за развој на иницијативи во културата), програма што работи на мотивирање на социјално ангажирана културна продукција ослободена од секаков вид стереотипи и предрасуди.

#Шарена револуција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.