Извадок од говорот на пратеникот Митре Велјановски на осмото продолжение на седницата бр.72 на Собранието на РМ:
„Дали ова е смислен атак врз новинарскиот еснав во Република Македонија и атак врз последниот зрак, надеж за демократско општество во Република Македонија, но натаму ако ја продолжам оваа теза ќе испадне дека проектот не сте го обмислиле и реализирале вие, туку проектот е политичка перфидна игранка меѓу ДУИ и ВМРО. ДУИ глуми наивност, тој дава тука некоја доследност, конструктивност. Четири месеци кажува ДУИ и собираат политички поени како овој закон не може да помине бидејќи не е добар за точно на католички Божиќ, за разлика од ланската година, сега не е на прв ден, на втор ден да дојде ДУИ и преку ноќ да го смени нивниот бетониран став околу законот за медиуми.
Доколку внимателно се прочита законот и доколку сакаме да прозбориме за суштината и што е она што го носи законот тоа се 2 многу суптилни и суштински работи добро спакувани, господине министер, во европска обланда. Суштината , правите можност, законска можност, послушните дебело да ги наградувате. Непослушните дебело да ги казнувате и сатанизирате. Перфидно ја одигравте со претходните закони.
Од еднопартиски систем е полошо само она што се инсталира во Република Македонија сигурно ќе најде место некаде во некој политички учебник дека досега не е познато во општественото уредување, ова е нешто помеѓу демократија и диктатура или некој го нарекуваат Демократура, тоа со ова ќе се стигне, се ќе се стави под контрола, апсолутно.
Со овој закон не треба вие ништо да правите, само цензура ќе има кај газдите на медиумите, апсолутно нема потреба од никакви реакции се сега со законот се регулира. И овој закон треба да добие амин. Телото, продолжената рака на политиката ќе биде агенцијата за медиуми, досегашниот совет за радио дифузија, пред 2 години овде полемизиравме и не убедувавте колку е европски, колку е демократски место 9 да има 15 членови, сега не уверувате дека треба да има 7.
Ова не е добро за Република Македонија, ова ќе направи и онака потчинети новинари и онака новинари уплашени за својата егзистенција, допрва тоа ќе се одрази на севкупниот живот во Република Македонија и не знам на кого ова му треба доколку сакаме да градиме демократско општество, просперитетно општество во кое ќе има иднина за тие малкумина што останаа, посебно млади луѓе во оваа. Господине Министер законот е лош, а тоа го потврдија и оние кои што денеска имаа храброст од говорницата со пораката која верувам дека ја видовте, дека овој закон не е во нивно име“, рече Велјановски од собраниската говорница во Законодавниот дом.




