Претседателoт на Венецуела Николас Мадуро најави задолжително земање на отпечатоци на граѓаните- потрошувачи, систем кој ќе се воведе во супермаркетите, како борба против недостигот од храна и шверцот, јавува Би-Би-Си.
Тој рече дека системот ќе ги спречи луѓето од купување на премногу производи.
Но, опозицијата во Венецуела го отфрли планот, велејќи дека ваквата политика ги третира сите Венецуелци како крадци.
Критичарите изјавија дека отпечатоците на потрошувачите за да се направи идентификација претставува кршење на приватноста.
До 40% од стоката која Венецуела ја субвенционира за домашниот пазар се шверцува во Колумбија, каде што се продава по многу повисоки цени, велат властите.
“Износот на стоки, шверцувани во Колумбија ќе биде доволно за да се вчита на полиците на нашите супермаркети”, изјави за весникот Ел универзал генерал Ефраин Веласко Луго, портпарол на армијата.
Опозицијата обвинува за она што го нарекува пропадната левичарска политика во изминатите 15 години – иницирана од покојниот претседател Хуго Чавез – како причинител за економската криза во земјата.