Венецуелскиот парламент одобри прогласување национална состојба на тревога поради кризата со електроснабдуавњето поради што е парализирана државата веќе петти ден.
Парламентот отфрли аргумент на претседателот Николас Мадуро дека големата хаварија е американска саботажа и нагласија дека причина за тоа е лошото управување и недостиг од инвестиции.
Националното собрание ја повика армијата да помогне за мобилизирање на песоналот на енергетскиот гигант „Корпоелек“ и упати апел за меѓународна соработка за обнова на електроснабдувањето за време на 30-дневната состојба на тревога.
Парламентот, сепак нема овластувања да воведе вонредба состојба додека Мадуро е претседател.
Претседателот на Парламентот, Хуан Гуаидо повика за денеска попладне на големи протести.
Министерот за информирање на Венецуела Хорхе Родригес објави дека поради прекинот во испораката на електрична енергија денеска се откажани сите училишни и деловни активности.
Родригес ова го соопштил во специјално телевизиско обраќање.
Ова е трето откажување, откако снема струја минатата недела.
Колапсот на енергетскиот систем се случи на 7 март поради хаварија. Националната компанија за електрична енергија соопшти дека колапсот бил резултат на пренасочување и оти „е епизода од енергетската војна против Венецуела“.
Владата во Каракас најави жалба до ОН поради „саботажа“ на електромрежата, за која властите на земјата го обвинуваат „американскиот империјализам“.
Претседателот на Венецуела Николас Мадуро го обвини „американскиот империјализам“ за оваа саботажа, а Стејт департментот негираше каква било вмешаност.
САД го повлекуваат персоналот
Соединетите Американски Држави ќе го повлечат целиот дипломатски персонал кој се уште се наоѓа во нивната Амбасада во Каракас поради влошување на кризата во земјата, соопшти државниот секретар Мајк Помпео.
– Одлуката е одраз на влошената состојба во Венецуела како и проценките дека присутноста на дипломатскиот персонал во американската Амбасада стана ограничување за политиката на САД, напиша Помпео на Твитер.
Тој не презицира кога точно персоналот ќе биде повлечен од Амбасадата во Каракас.
Претседателот на Венецуела Николас Мадуро на 23 јануари соопшти дека ги прекинува дипломатските врски со САД, кои го признаа опозицискиот лидер Хуан Гуиадо за привремен претседател на земјата, и нареди сите американски дипломати да си заминат




