Евангелос Венизелос, лидер на грчката социјалистичка партија ПАСОК, која е член во владејачката коалиција, најави дека Грција во јуни повторно ќе стави вето на отворањето на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.
– Грција е најважниот и најголемиот поддржувач на европската перспектива на ПЈР Македонија, но, според европската политичка, институционална, историска, културна рамка за прием на нови земји членки, апсолутно е неопходно да се решат постоечките проблеми пред отворање на преговорите за членство. Ние ги прифаќаме добрите услуги на амбасадорот Нимиц и подготвени сме да разговараме во рамките на Времената спогодба меѓу двете земји. За ПЈР Македонија, Грција е реален пријател и реално е порта за Европската унија – изјави Венизелос..
Тој побара да се почитува тајноста на разговорите за името и да не се излегува во јавност со податоци за нивниот тек, но и од Македонија да се помири со, како што рече, постоењето на црвени линии од страна на Грција.